Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од успехот на Новогодишната кошница ќе зависи дали Велигденската и Рамазанската ќе одат со акции или со замрзнување на цените
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Од успехот на Новогодишната кошница ќе зависи дали Велигденската и Рамазанската ќе одат со акции или со замрзнување на цените
ЕКОНОМИЈА

Од успехот на Новогодишната кошница ќе зависи дали Велигденската и Рамазанската ќе одат со акции или со замрзнување на цените

Објавено December 30, 2024 15:40
Сподели
Сподели

Од успехот на Новогодишната кошница ќе зависи дали Велигденската и Рамазанската кошница ќе одат со акции или, пак, со одлука за замрзнување на цените, најави денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

До 15 јануари, до кога трае Новогодишната кошница, ќе се знае дали ги постигнала очекуваните резултати или не. Оваа кошница ја направивме со акција, односно самите чинители одлучија да ги намалат цените на производите кои најмногу им се трошат за новогодишните празници, а ние само ги поддржавме. Доколку се покаже дека не ги исполнила очекувањата следните две кошници ќе ги донесеме со одлуки за замрзнување на цените – рече Дурмиши на денешната средба со новинарите.

За почетните малверзации со цените при спроведувањето на Новогодишната кошница подеднакво ги обвини производителите, дистрибутерите и трговците.

На моето биро има готова изготвена одлука за замрзнување на цените и доколку Државниот пазарен инспекторат при контролите укаже на злоупотреба на цените на основните производи веднаш за само еден час од тоа ќе биде донесена одлука на Влада за воведување на таква мерка – рече Дурмиши.

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески рече дека во минатото се покажало оти пазарната логика не работи во нашата економија и дури и во периоди кога имало намалување на цената на енергенсите не се намалувала цената на производите. Додаде дека со Законот за нефер трговски практики ќе има глобално регулирање на деловните односи меѓу производителите, добавувачите и трговците што на подолг рок ќе доведе до стабилизирање на цените во малопродажбата.

Разни маркети имаат разни политики во своето работење и ние не се мешаме во тоа бидејќи е пазарна економија. Некој ако сака може и 100-отсто да стави маржа ако му одат купувачи и ако купуваат, тоа не е наш проблем. Пазарна логика е купувачите да одат кај оние маркети кои имаат помала маржа- тоа е пазарна економија. Законот за нефер трговски практики исклучиво ги регулира односите на производители и добавувачи со трговците на мало и на големо. Во него точно е прецизирано дека маржата не смее да биде поголема од 10 отсто во кои влегуваат рабат и други трошоци и дека тие 10 отсто не смеат да се надминат во текот на годината, а во текот на месецот можат да се надминуваат ако имаат акции на одредени производи – рече Ристески.

Кога има стабилизирани цени за крајните потрошувачи, додаде, има стабилизирана инфлација и намалување на цени за одредени производи за одредени износи, бидејќи претходно рабатите беа многу големи и се движеле дури и до 40 отсто.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски за Судски совет: Овие луѓе со доверба од два проценти, повеќе не ја заслужуваат платата којашто ја земаат
Следна Статија На Клиниката за психијатрија е отворен Кабинет за третман на пациенти кои имаат потешкотии со коцкање, интернет, злоупотреба на алкохол и психоактивни супстанци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

ПАЃААТ КАМАТИТЕ НА КРЕДИТИТЕ Еве за колку се намалија во март

Трендот на намалување на каматните стапки на кредитите  продолжува и во март, покажуваат податоците на Народна банка. Просечната каматна стапка на…

May 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Два месеци стара фирма добила тендер од ЕСМ со „жими мајка“ уверување дека има 330 работници на лагер?

Комисијата за жалби по јавни набавки ги одби сите приговори на трите оператори конкуренти кои учествувале на огласот за технолошко…

July 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Љубчо Георгиевски: Десет години работев со маркети, но ги затворив – профитните маржи беа ниски

Поранешниот премиер и актуелен бизнисмен Љубчо Георгиевски во поткастот „Бизнис Муабети“ вели дека десет години бил трговец, но дека дејноста…

May 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

ЕЛС бара нови партнери за франшизи во градовите низ Македонија

Еко Логистик Сервис (ЕЛС), водечкиот логистички и поштенски бренд во Македонија, отвора можност за соработка со локални претприемачи преку франшизен…

December 18, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?