Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: 2024 година беше година на предизвици за СДСМ, година во која научивме многу и во која одлучно завртивме нов лист
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Филипче: 2024 година беше година на предизвици за СДСМ, година во која научивме многу и во која одлучно завртивме нов лист
МАКЕДОНИЈА

Филипче: 2024 година беше година на предизвици за СДСМ, година во која научивме многу и во која одлучно завртивме нов лист

Објавено December 31, 2024 13:00
Сподели
Сподели

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во новогодишото обраќање на сите граѓани им ја честита Новата 2025 година, посакувајќи им многу здравје, среќа и успех во новата година.

Новата година е време на надеж, нови почетоци и време да се присетиме на се што се случуваше во годината која измина. 2024 година беше година на предизвици за СДСМ, година во која научивме многу и во која одлучно завртивме нов лист. И покрај сите потешкотии ние се зацврстивме и го треасиравме патот кон иднина исполнета со посветеност и работа за сите вас, вели Филипче во честитката.

Изборниот пораз, додава, не бил само предупредување, туку и поттик за нив да се сменат, да бидат подобри и подостапни за секој граѓанин. Покажаале, вели, дека умеат да се соочат со реалноста, да извлечат поуки и да продолжат со јасна визија. Според него, денес, СДСМ е партија со нова енергија, со раководство кое е тука за да ги слушне вашите потреби и да понуди решенија.

Оваа 2024 година, за жал, донесе изневерени надежи за многумина. Наместо економски раст, стабилност и европска перспектива, од новата Влада видовме стагнација и блокади. Владата ги изневери граѓаните уште во првите шест месеци. Не успеа да донесе реформи, го срози стандардот на граѓаните и ги замрзна платите. По шест месеци се живее полошо дури од времето на економските кризи кои се сега далеку зад нас. Ова е последица на негрижата за граѓаните, за жал, добивме Влада која се грижи за интересите на малкумина од елитата а ги заборава оние кои и ја дадоа довербатаЗатоа, нашата задача е јасна – да бидеме силен глас на граѓаните, глас кој ќе се бори за правда, за економска стабилност и за подобар живот за сите нас, наведува Филипче.

СДСМ никогаш нема да го изгуби својот фокус, нагласува тој, секој човек е важен, секој проблем е наш заеднички предизвик.

Ќе се бориме за зголемување на платите и пензиите, за нови работни места и за реална борба против сиромаштијата. Ќе бараме вистинска правда, институции кои работат за граѓаните, а не за партиски интереси. Во време на брзи промени и неизвесност, гласот на малите народи често останува незабележан, а нивните грижи ретко предизвикуваат интерес. Затоа, да покажеме мудрост и истрајност, да ја бараме правдата за себе и да се бориме за вредности како мирот, солидарноста и безбедноста. Со надеж и искрени желби, испраќаме пораки за мир и стабилност за сите народи кои денес страдаат под товарот на војните. Време е светот да се обедини околу заедничките хумани цели, истакнува лидерот на СДСМ.

Во 2025 година, истакнува, СДСМ ја очекуваат важни предизвици, но и нови можности.

Заедно мора да се подготвиме за редовниот избор на претседател на партијата, кој ќе донесе уште поголемо единство и сила во нашите редови. Подготвени сме за локалните избори, каде што ќе понудиме силни кандидати кои ќе работат за вистински промени на локално ниво. Ќе продолжиме да бидеме конструктивна опозиција која нуди решенија, а не само критики. Но најважно од сè – ќе останеме гласот на народот, гласот на надежта, на борбата за држава во која секој човек ќе се чувствува горд што живее овде, вели Филипче во новогодишното обраќање.

Претседателот на СДСМ се заблагодарува за поддршката на граѓаните, за нивната доверба во нив и во и во иднината на нашата земја.

Следната 2025 година нека биде година на победи, нови надежи и посветена работа за подобро утре. Среќна Нова година. Ви посакувам здравје, среќа и љубов во вашите домови. Заедно ќе изградиме држава во која сите ќе се гордееме што живееме. Нека надежта биде нашиот светилник, а вербата – нашата сила, порачува Филипче во новогодишното обраќање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Границата меѓу Бугарија и Романија ќе се крене во првата минута од Новата година
Следна Статија Продолжува бесплатниот превоз за студентите, Владата ќе му префрли 120 милиони денари на ЈСП

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Уставен суд до партиите: Не нè користете за дневнополитички пресметки

Уставниот суд упатува остри критики кон обидите за груба партизација и политизација која деновиве одредени политички партии се обидуваат да…

July 12, 2026
МАКЕДОНИЈА

Советот на Град Скопје изгласа иницијатива за дислокација на цементарницата „Усје“ надвор од Скопската котлина

На иницијатива на советниците на „Зелен хуман град“ (ЗХГ), Советот на Град Скопје на вчерашната седница едногласно усвои заклучок за…

December 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

МВР најавува порестриктивни мерки за тротинетите

Министерството за внатрешни работи размислува за порестриктивни мерки за електричните тротинети. Министерот Панче Тошковски денеска најави законски измени во иднина,…

May 15, 2026
МАКЕДОНИЈА

„Тој се’ уште не е правосилно осуден, и да добил затвор ништо немало да се промени“, вели професорот Калајџиев

Професорот по кривично право, Гордан Калајџиев на социјалните мрежи ја коментираше тезата дека сообраќајната несреќа во која смртно беше прегазена…

February 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?