Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Анџелина Џоли и Бред Пит постигнаа бракоразводна спогодба по осум години
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Анџелина Џоли и Бред Пит постигнаа бракоразводна спогодба по осум години
ЗАБАВА

Анџелина Џоли и Бред Пит постигнаа бракоразводна спогодба по осум години

Објавено December 31, 2024 14:40
Сподели
Сподели

Актерите Анџелина Џоли и Бред Пит постигнаа договор за развод, изјави нејзиниот адвокат во вторникот, ставајќи крај на еден од најпознатите холивудски разводи на славните личности.

Џоли поднесе барање за развод од Пит пред осум години, сопугот со кој две години во браг и романтичен партнер од 2005 година. Врската меѓу двајцата најпознати холивудски актери со години будно ја следат таблоидите.

„Ова е само еден дел од долгиот процес кој започна пред осум години. Анџелина е искрено исцрпена, но олеснета што овој дел е завршен“, рече нејзиниот адвокат Џејмс Сајмон во изјавата, додавајќи дека спогодбата за развод е финализирана, потпишана и поднесена до судот.

Деталите за спогодбата не се познати.

Оскаровката Џоли ги наведе непомирливите разлики во барањето за развод. Таа потоа побара целосно старателство над нивните шест деца, тогаш на возраст од 8 до 15 години, при што Пит има право на посети.

Барањето предизвика жестока битка за старателство, за време на која Пит беше под истрага и на крајот ослободен од обвиненијата за злоупотреба на децата. Двете страни меѓусебно се обвинија дека се обидуваат да манипулираат со медиумското покривање во нивна полза.

„Таа не зборува лошо за него ниту јавно, ниту приватно, се трудеше да биде позитивна по мрачно време“, цитиран е извор близок до актерката во изјавата на адвокатот.

Џоли, која во 2000 година доби Оскар за најдобра споредна женска улога за филмот „Girl, Interrupted“, претходно беше во брак со актерите Џони Ли Милер и Били Боб Торнтон.

Пит беше во брак со актерката Џенифер Анистон во 2003 година кога тој и Џоли го снимија филмот „Господин и госпоѓа Смит“. Медиумите пишуваа за аферата, но Џоли тогаш изјави за магазинот Vogue дека тие биле само „многу добри пријатели“ додека Пит и Анистон не се разделија во 2005 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Проблемот со ЈСП Скопје е административен, не е со нафтата
Следна Статија Мицкоски за ЕУ интеграцијата: Не сум авантурист, додека јас ја водам Владата, вака конципирани уставни измени нема да има

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

ВИДЕО: Закерберг се заборави на инаугурацијата на Трамп, погледот заврши во бујното деколте на вереницата на Џеф Безос

Марк Закерберг, основачот на Фејсбук, беше фатен како гледа во деколтето на вереницата на милијардерот Џеф Безос, Лорен Санчез, за…

January 21, 2025
ЗАБАВА

Донатела Версаче објави фотографија со својот брат – точно 28 години по убиството на Џани

Денес се навршуваат точно 28 години од бруталното убиство на познатиот моден дизајнер Џани Версаче, а неговата сестра Донатела се…

July 15, 2025
ЗАБАВА

Не сакал во Британија да плати 24 евра за достава на пица- заминал на поевтин ручек во Италија

Tiktoker под корисничкото име @muscab_salad се одлучи за необичен потфат. Јадел пица, и кога сфатил дека ќе плати 19,99 фунти…

June 8, 2025
ЗАБАВА

(Видео) Ван Дам му испрати порака на Путин: Сакам да бидам амбасадор на мирот

Холивудскиот актер Жан-Клод Ван Дам испрати необична порака во која ја изразува својата желба да ја посети Русија и да…

April 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?