Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Продолжува бесплатниот превоз за студентите, Владата ќе му префрли 120 милиони денари на ЈСП
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Продолжува бесплатниот превоз за студентите, Владата ќе му префрли 120 милиони денари на ЈСП
МАКЕДОНИЈА

Продолжува бесплатниот превоз за студентите, Владата ќе му префрли 120 милиони денари на ЈСП

Објавено December 31, 2024 13:10
Сподели
Сподели

Бесплатениот автобуски превоз за студентите во Скопје ќе продолжи и во 2025 година, откако Владата денеска на седница одлучи да му префрли 120 милиони денари на Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП – Скопје обезбедени со релоцирање од буџетот на Министерството за образование и наука.

– Претходната Влада три години не обезбедуваше средства за оваа намена и немаше донесено ваква одлука. Оттука и недовербата која студентите ја имаа кон извршната власт. Ги уверувам треба да бидат спокојни затоа што новата Влада ги исполнува ветувањата и обврските кон граѓаните, а токму оваа наша одлука е потврда за тоа, рече премиерот Христијан Мицкоски, на заедничка прес-конференција во Владата со министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Бесплатниот јавен превоз, како што рече, ќе им овозможи поголема достапност и ќе ги ослободи од финансискиот товар со што ќе може повеќе да се фокусираат на студиите и личниот развој.

Министерката Јаневска се заблагодари на Владата и посочи дека студентите и следната година ќе имаат бесплатен превоз што е особено значајно за нив и е насушна потреба бидејќи во јануари имаат сесија.

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје претходно испрати апел до Владата и МОН на владина седница да овозможат релоцирање на средства со цел продолжување на бесплатниот превоз за студентите во 2025 година.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на крајот на минатиот месец изјави дека долгот на централните власти кон Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје од јануари идната година ќе изнесува десет милиони евра и оти Советот треба да дискутира дали воопшто ќе има бесплатен превоз.

Како што наведе Државниот завод за ревизија во извештајот што го објави во октомври, МОН две години не ги покривало трошоците за превоз на студентите, Владата не донела одлуки, иако продолжи бесплатниот превоз на студентите од ЈСП.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: 2024 година беше година на предизвици за СДСМ, година во која научивме многу и во која одлучно завртивме нов лист
Следна Статија Шест лица се ранети во престрелка во Њујорк, меѓу кои и 12-годишно девојче

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Финални технички подготовки на системите пред почеток на тест периодот за „One Stop Shop“ на граничниот премин Блаце

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со вицепремиерот Изет Меџити и министерот за внатрешни работи на Косово Џелал Свечла…

February 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дрин тврди дека само доцнел со уплатите за експлоатација на минерални суровини од рудник

Дрин Ахмети завчера даваше исказ во Обвинителството за организиран криминал за злоупотреба на концесијата за рудник кај Кичево откако МВР…

January 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Никнуваат згради на диво додека инспекторите ловат огради

June 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Млади раскажуваат како изнесувале свои изгорени другари: Д-р Беќаровски за примените пациенти на Токсикологија и хоророт што го преживеале

Докторот Нико Беќаровски на неговиот фејсбук посочи дека на Универзитетската клиника за токсикологија хоспитализирани се дваесетина млади лица повредени од…

March 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?