Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зголемен бројот на деца со респираторни инфекции на Детската клиника
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Зголемен бројот на деца со респираторни инфекции на Детската клиника
МАКЕДОНИЈА

Зголемен бројот на деца со респираторни инфекции на Детската клиника

Објавено January 9, 2025 16:00
Сподели
Сподели

Директорот на Детската клиника Реџеп Мемеди информира дека во нивната клиника е зголемен бројот на пациенти со респираторни и цревни инфекции.

Во овој дел од годината доминираат сезонските вируси кои се почести. И тоа е скоро секоја година во овој дел од годината. Имаме зголемен број на пациенти со респираторни симптоматологии и цревни инфекции кои се третираат на нашата клиника и ја добиваат потребната нега, рече Мемеди при денешното промовирање на апаратури во Детската клиника. 

Директорот Мемеди нагласи дека работат со полн капацитет и се обидуваат максимално да направат правилна тријажа и потешките пациенти да ги задржат на болничко лекување.

И Институтот за јавно здравје во својот извештај за периодот од 30 декември 2024 до 5 јануари годинава посочува дека е зголемен бројот на заболени од грип. Од вкупно 331 заболени, 101 се деца на возраст од 5 до 14 години и 42 деца на возраст од 0 до 4 години.

На новинарско прашање околу подготвувањето на стратегијата за аерозагадувањето, министерот за здравство Арбен Таравари истакна дека Министерството повеќе ги разгледува прашањата во кои загадувањето на воздухот прави штета на здравјето на пациентите.

Тоа го работат експерти. Меѓутоа, во Министерството за здравство имаме екипа која што подготвува такво нешто. Меѓутоа сепак тоа не е цел баш само на Министерството. Ние ги разгледуваме повеќе тоа што загадувањето прави штета на здравјето на пациентите, рече Таравари. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Џесика Алба се разведува по 17 години брак
Следна Статија Забрзано видео покажува како пожарот зафатил елитен кварт во Лос Анџелес за 90 минути

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Еве како изгледа пожарот во Трубарево

Пожар избувна во компанијата за преработка на отпад „Нула отпад“ во скопско Турбарево, а во негово гасење се вклучени неколку…

September 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нашето законодавство има предвидено се што е потребно за лицата на црната листа на САД, смета Мицкоски

Владата нема да презема чекори спротивни на Уставот, туку секогаш ќе работи во насока на позитивните законски норми и Уставот…

December 24, 2024
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски на средба со италијански експерт за сообраќајни решенија- Џовани Ботини, извршен директор “SYSTEMATICA”

На продуктивниот работен состанок во просториите на Општина Кисела Вода присуствуваше Џовани Ботини, извршен директор на италијанската компанија “SYSTEMATICA”, како…

February 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владина делегација предводена од Николоски во Лондон за договорот за стратешкото партнерство

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска и утре е во посета на Обединетото Кралство каде што ќе биде…

May 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?