Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Направете ги овие ритуали во очи на новогодишната ноќ за подобра, посреќна и побогата година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Направете ги овие ритуали во очи на новогодишната ноќ за подобра, посреќна и побогата година
ЗАБАВА

Направете ги овие ритуали во очи на новогодишната ноќ за подобра, посреќна и побогата година

Објавено December 31, 2024 17:40
Сподели
Сподели

Рускиот духовен водач Елена Христафарида открива три интересни ритуали кои ако ги примените во точно определено време во очи на новогодишната ноќ, многу е веројатно да ви донесат подобра, посреќна и побогата 2025-та.

Таа советува дека е задолжително да се ослободите од непотребните работи. Вели дека не случајно во некои земји постои традиција да се исфрли стариот мебел на новогодишната ноќ.

Елена потсетува и да не заборавите да го фрлите ѓубрето на 31 декември, но и да ја измиете косата и на тој начин да се ослободите од „валканите“ работи.

Направете некоја промена

Добро е на 31 декември да облечете барем едно ново парче. Ако не фустан или костум, тогаш барем долна облека или некој аксесоар. Важно е ова да го носите на полноќ. Така ќе си направите пат кон нови предизвици во животот, на професионален план или во љубовта. Многу е важно тоа парче навистина да ви се допаѓа, а не само да го купите колку да помине редот.

Привлечете пари

По 22 часот на 31 декември и пред 12 часот напладне на први јануари, обидете се да не позајмувате пари или пак вие некому да му дадете. Ако тоа е неизбежно, дајте ги парите со десна рака, а земете ги со лева. Но, прво оставете ги на маса или на било каква друга површина на неколку секунди, не пренесувајте ги директно.

За поголем прилив, земете ја највредната банкнота што ја имате во паричникот и точно во 23 часот на 31 декември поклопете ја со чаша од која планирате да пиете или веќе сте пиеле за новогодишната ноќ. Обратете внимание никој друг да не ги допира чашата и банкнотата. Пред полноќ превртете ја чашата, наздравете во чест на Новата година, земете ја банкнотата со лева рака и држете ја во моментот кога и официјално ќе влеземе во 2025 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Тошковски: Во 2025 сите заедно посветено да работиме на обезбедување мир, стабилност и просперитет
Следна Статија Милетиќ: ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија ќе работи и за празниците со цел граѓаните да бидат обезбедени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

(Видео) Како се менуваа технолошките милијардери со текот на годините: од слаб инженер во мускулест џетсетер

Изгледа дека да се биде технолошки милијардер е многу повеќе од само водење компанија – сега треба да изгледате како…

January 23, 2025
ЗАБАВА

„Eдна песна таговна“: Додека е на условен отпуст Боки сними спот

Бојан Јовановски сними песна  наречена „една песна таговна“. Во се појавува и неговата мајка а се симболично се говори и за голготата…

December 6, 2024
ЗАБАВА

Објавена листа на најдобри појадоци во светот: Македонскиот зелник на 20. место

На најновата листа на 50 најдобри појадоци во светот, еден деликатес од Србија се најде на високо второ место. Македонскиот…

June 12, 2025
ЗАБАВА

Џеј Зи: Јас и моето семејство добиваме смртни закани поради лажните наводи за силување

Иако пред неколку дена беа отфрлени обвиненијата против Џеј Зи дека силувал 13-годишно девојче во 2000 година со уапсениот рапер…

February 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?