Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски очекува успешна година на економски план со раст на БДП меѓу 3,5 и 4 проценти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски очекува успешна година на економски план со раст на БДП меѓу 3,5 и 4 проценти
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски очекува успешна година на економски план со раст на БДП меѓу 3,5 и 4 проценти

Објавено January 1, 2025 15:40
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски очекува 2025 година да биде поуспешна од 2024 година, со раст на БДП помеѓу 3,5 и 4 проценти, инвестици од над милијарда евра и буџетски дефицит под 4 проценти.

Очекувам параметрите во економијата во 2025 година да бидат подобри од тие што се во 2024 и растот на БДП да дојде до близу 4 проценти, помеѓу 3,5 и 4 проценти, иако проектираниот е на 3,7 проценти, рече Мицкоски, на новинарско прашање по пуштањето во употреба на новиот скијачки центар „Михајлово“.

Според него, 2024 година ја завршуваме со подобри резултати од очекуваните на економски план.

Очекуваме да имаме позитивни параметри за растот на БДП за четвртиот квартал со што севкупно растот за 2024 година да биде 2,6 проценти, 2,7 проценти, а зошто да не и 3 проценти, зависно од тоа како ќе биде четвртиот квартал поради слабиот прв квартал бидејќи третиот и четвртиот се навистина успешни, би рекол најдобри во регионот, изјави Мицкоски.

Повтори дека очекува нивото на странски инвестиции да надмине милијарда евра за 2024-та и уште поголем износ за 2025-та.

Буџетскиот дефицит за 2024, како што го информирала вчера министерката за финансии, има подобри параметри од предвидените и нема да биде 4,9 проценти, туку 4,4 проценти.

За 2025 очекуваме да биде под 4 проценти. Навистина ќе имаме убави финансиски параметри, ќе бидеме меѓу првите пет-шст најбрзорастечки економии и ќе се вратиме на местата каде бевме пред 10-ина години кога станува збор за економијата, изјави Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски: Новогодишната ноќ генерално помина мирно, 29 кривични дела, приведени 33 лица
Следна Статија Мицкоски: Се отвори ски центарот „Михајлово“, како Влада продолжуваме да работиме на реализација на проекти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски утре ќе ја презентира новогодишната потрошувачка кошничка

Утре со почеток во 11:00 часот во свечената сала на Владата, ќе се одржи состанок помеѓу претседателот на Владата на…

December 4, 2024
ЕКОНОМИЈА

Чебрен и Галиште ќе се градат со парите од британскиот заем, инвестиција од 1,3 милијарди евра

Изминатите седум години СДСМ и ДУИ ја заборавија животната средина, немаше ниту еден проект за заштита на животна средина и…

May 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Божиновска во Лондон на средби со водечки компании од рударскиот и енергетскиот сектор

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во рамки на својата работна посета на Лондон, оствари средби со…

October 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мемов: Стабилизацијата на пензискиот систем бара координирана активност на повеќе чинители во државата

Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов учествуваше на меѓународната конференција „Одржлив пензиски систем – две децении прогрес“, во организација…

November 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?