Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Експресниот пат Страцин-Крива Паланка ќе биде пуштен в сабота, најави Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Експресниот пат Страцин-Крива Паланка ќе биде пуштен в сабота, најави Мицкоски
ЕКОНОМИЈА

Експресниот пат Страцин-Крива Паланка ќе биде пуштен в сабота, најави Мицкоски

Објавено January 1, 2025 16:58
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека в сабота ќе биде пуштен експресниот пат Страцин (Чатал) – Крива Паланка, а во втората половина на месецов и делницата од експресниот пат Градско-Фариш, како и првиот дел од пругата кон Бугарија, Куманово-Бељаковце.

Во неговите очекувања на економски план рече дека почнатите инфраструктурни проекти во 2025 ќе бидат со засилена динамика или завршени и дека во меѓувреме ќе се развиваат нови проекти.

Повтори дека очекува пред почетокот на туристичката сезона во Охрид да биде пуштена и делницата од Врбјани до Охрид на автопатот Кичево-Охрид, со исклучок на делот кај Ботун, каде има свлечиште на чие отстранување се работи. На крајот на 2026 година се очекува да се пушти целата автопатска делница.

Според Мицкоски, забрзано се работи и на автопатите на Коридорот 8 и Коридорот 10 д.

– Патот Гостивар-Букојчани се работи, очекувам да заврши тендерот којшто ќе ги поврзе Букојчани со автопатот Кичево-Охрид. Исто така забрзано се работи на патот Прилеп- Битола, очекувам да почне Тетово-Гостивар и Требениште – ГП Ќафасан по нова рута бидејќи сегашната навлегува во делот што е заштитен од УНЕСКО, изјави Мицоски.

Тој истакна дека очекува поуспешна година на економски план, со раст на БДП меѓу 3,5 и 4 проценти, буџетски дефицит под 4 проценти и инвестиции од над милијарда евра.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во овој хрватски град од денеска бесплатен јавен превоз за сите граѓани
Следна Статија Масакр во Цетиње: Маж усмрти 7 лица, меѓу нив и двајца малолетници, полицијата трага по напаѓачот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Бислимовски: Не очекувам промена на цената на електричната енергија за домаќинствата

Оваа година во јуни се распишува тендер за универзалниот снабдувач ЕВН хоум. Тоа е отворен тендер, но вообичаено секогаш се…

June 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Одземена дозволата на фирма за брзи кредити, но министерството не го открива името

Министерството за финансии одзеде дозвола за работа на едно од поголемите финансиски друштва на пазарот, откако со вонреден надзор спроведен…

May 23, 2026
ЕКОНОМИЈА

Треба да има интервенции во минималната кошничка, смета Мицкоски

Јас во месец јануари, простете, цигари не пушам, не испив лименка нескафе од 250 грама, не изедов ниту една цреша,…

February 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Усвоен Дополнетиот ребаланс на Буџетот, обезбедени повеќе средства за проекти од инфраструктурата, за образованието и социјална заштита

Дополнетиот ребаланс на Буџетот вчера бил усвоен на владина седница и со него се обезбедуваат дополнителни средства за Министерствата за…

July 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?