Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Масакр во Цетиње: Маж усмрти 7 лица, меѓу нив и двајца малолетници, полицијата трага по напаѓачот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Масакр во Цетиње: Маж усмрти 7 лица, меѓу нив и двајца малолетници, полицијата трага по напаѓачот
БАЛКАН

Масакр во Цетиње: Маж усмрти 7 лица, меѓу нив и двајца малолетници, полицијата трага по напаѓачот

Објавено January 1, 2025 20:36
Сподели
Сподели

Во масакр во Цетиње денеска усмртени се седум лица, меѓу кои двајца малолетници, додека напаѓачот Ацо Мартиновиќ (45) е во бегство, јавуваат црногорските медиуми

Полициската управа апелира до граѓаните да бидат присебни и да не ги напуштаат станбените објекти. Меѓу другите, убиени се: М.В., Р.М., Б.М. Повредено е и лицето на иницијалите А.М. Како што пренесува Цетињски лист, по крвава пресметка во кафеана, напаѓачот убил и двајца малолетници.

– Денеска во попладневните часови во населбата Бајице, во ресторан, лицето на А.М. (45) со огнено оружје убил неколку лица. Вооружен го напуштил објектот и побегнал – се наведува во соопштението на полицијата.

Апелираат до граѓаните на Цетиње да останат присебни и да останат во своите станбени згради, додека сите расположливи полициски единици се на терен и преземаат активности од нивна надлежност со цел да ја стават ситуацијата под контрола и кривично да ги гонат сторителите.

– Ја информираме јавноста дека се работи за ситуациски настан, кој не е резултат на разбивање на ризични организирани криминални групи. За решавање на оваа кризна состојба на терен се испратени специјални полициски единици – се наведува во соопштението на УП.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Експресниот пат Страцин-Крива Паланка ќе биде пуштен в сабота, најави Мицкоски
Следна Статија Комшијата му бил сомнителен, па се јавил во ФБИ: Тоа што го нашле кај него ги шокирало

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Победник на хрватските општински избори го прослави триумфот по гаќи (ВИДЕО)

Поранешниот градоначалник на Плитвички Езера во Хрватска, Анте Ковач, освои мнозинство во Општинскиот совет со својата Независна листа „Стоп“, додека…

May 19, 2025
БАЛКАН

Хрватите никогаш не го засакаа папата Франциск бидејќи не сакаше да го канонизира Степинац

Хрватските медиуми пишуваат дека папата Франциск не треба да се сожалува. Но, зошто е тоа така. Работата е поврзана со…

April 29, 2025
БАЛКАН

Мајка на еден од загинатите во Нови Сад почнува штрајк со глад

Мајка на 16-годишно момче кое загина во падот на бетонската настрешница на железничката станица лани во Нови Сад објави дека…

November 1, 2025
БАЛКАН

Собранието на Република Српска синоќа ги усвои Предлогот за нов Устав на РС и Законот за заштита на уставниот поредок на РС

Пратениците на Народното собрание на Република Српска (РСС) синоќа го усвоија Нацртот на новиот Устав на РС, според кој овој…

March 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?