Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет
МАКЕДОНИЈА

Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет

Објавено January 3, 2025 10:40
Сподели
Сподели

Судијата Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет на Република Македонија.

Советот денеска на 510-тата седница со 13 гласа го избра Камбовски, кој доаѓа од Апелација Битола и беше избран за член на Советот во јуни минатата година.

По изборот за претседател Камбовски, се заблагодари за укажаната доверба и порача дека ќе работи да ја опрадава.

– Искрено се надевам дека заеднички ќе успееме да ги постигнеме највисоките стандарди на професионализам, непристраснот и стандарди кои се однесуваат на зајакнување на темелите на владеењето на правоот. Не се сомневам дека во тоа ќе успееме доколку сите работиме и имаме иста цел, а тоа е да имаме здраво, независно и транспарентно судство, кое што е потребно и на граѓаните и на нашата држава, изјави Камбовски.

Членот Исамедин Лимани, кој го предложи судијата Александар Камбовски, нагласи дека Камбовски доаѓа од втората генерација на Академијата за судии и јавни обвинители.

–  Александар Камбовски има и интегритет и кредибилитет да се бори за поголема финансиска независност на судовите, бидејќи тие ја вршат судската власт, а Судскиот совет треба да им обезбеди услови, како и за судиите да можат понезависно и непристрасно да го применуваат правото, изјави Лимани.

Судијката Антоанета Димовска, рече дека не се сомнева дека ќе покаже менаџерски способности и дека нема никаква причина да го даде својот глас за него.

–  Гласот е глас, тој ќе биде прв меѓу еднаквите, ќе не организира, меѓутоа останува да ги вкрстуваме аргументите и да дискутираме понатака за секое спорно прашање, изјави Димовска.

Судијата Ивица Николовски, рече дека Камбовски го познава подолг период и со задоволство ќе го поддржи неговиот избор.

– Со неговиот кредибилитет, интегритет, искуство, знаење и целосно запознат со сите потрбеи и проблеми на третиот столб на нашата држава очекувам дека заеднички ќе одиме во една позитивна насока на зацврстување и подигнување на довербата на граѓаните, но не со зборови, туку чекор по чекор со дела. Очекувам под негово водство на Судскиот совет да ја зајакнеме довербата, туку и со дела да придонесеме во едно поквалитетно правораздавање, изјави Николовски.

Членот Тања Чачарова Илиевска, рече дека и покрај одредени ситуации во кои отворено зборувале со Камбовски за одредени проблеми, сепак цени дека треба да ја добие поддршката за претседател на Судскиот совет.

–  Очекувам поголема ангажирност од колегата Камвовски во насока на зацврстување на позицијата на Судскиот совет во правосудниот систем, за реализирање на нашите заеднички заолжби, а тоа е да се зачува самостојноста, угледот и независноста во судството и враќање на довербата на граѓаните, изјави Чачарова Илиевска.  

Поранешната претседателка Весна Дамева, рече дека за висок морал и интегритет во судството дознал во моментот кога бил избран за член на Судскиот совет, каде што од многу страни самите судии изразија огромно задоволство, потенцирајќи дека е судија што е самостоен и независен.

– И да не беше предлог на колегата Исамедин Лимани, јас ќе го предложев. Вториот момент заради кој го поддржувам овој предлог е од причина што во овој краток период додека е член јас видов исклучителна поддршка од негова страна во сите активности на Советот во насока на имплементација на препораките на Оценската мисија, и тоа е многу важно, изјави Дамева.

Советот е составен од 15 члена, од кои осум члена ги избираат судиите од своите редови, петмина ги избира Собранието од кои двајца на предлог на претседателот на државата. По функција членови на Советот се претседателот на Врховниот суд и министерот за правда, кои учествуваат во работата на Советот без право на глас.

Единствениот орган за избор, оценка и контрола на работата на судиите и чуварот на довербата на граѓаните кон судството – Судскиот совет,  годината ја почна со претседателски „рокади“, а ја заврши со празно столче на функцијата претседател на Советот. Судскиот совет, повторно се најде во фокусот на јавноста, но не само по контроверзно разрешување, па враќање, и на крајот оставка од функција на претседателката Весна Дамева, туку и по обидите за примена на дел од препораките на Оценската мисија во своето работење, како и отворените повици од власта за нивно распуштање и реформа на Законот за судски совет.

Изборот на претседател се најде на дневен ред на седница на Судскиот совет и во декември минатата година, но беше одложен до комплетирање на составот со изборот на двајца нови членови од редот на судиите.

На 510-та седница покрај изборот на претседател, се и разгледување и одлучување по приговор од судија, како и други прашања.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Авион се урна во фабрика во Калифорнија и експлодираше, загинаа две лица
Следна Статија Барселона го отпуштила готвачот затоа што на Левандовски не му се допаѓале јајцата што ги приготвува

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски најави пад на цените на бензините и дизелот од следната недела

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека од следната недела се очекува намалување на цените на горивата, врз основа на направените анализи…

April 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Отворен конкурс за 17. Школа за млади лидери на Претседателот Иванов

Кабинетот на поранешниот македонски претседател Иванов информира дека денес е објавен конкурсот за учество на 17. Школа за млади лидери…

May 30, 2026
МАКЕДОНИЈА

Mицкоски во Вашингтон на важни состаноци пред инаугурацијата на Трамп

Директно од аеродром на состанок, напиша премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи Во Вашингтон имав исклучително продуктивен долг состанок со…

January 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владата повторно излезе во пресрет: Бесплатен автобуски превоз за студентите со пренамена на средства

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека разговарале со министерката за образование Весна Јаневска и најави можност за реалоцирање средства со…

December 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?