Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Жестоко ќе реагираме ако повторно има несакани појави со цените
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Жестоко ќе реагираме ако повторно има несакани појави со цените
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Жестоко ќе реагираме ако повторно има несакани појави со цените

Објавено January 3, 2025 14:20
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека преку Државниот пазарен инспекторат на дневна основа се следат цените на основните производи и најавува жестока реакција доколку, како што вели, утврдат дека повторно има несакани појави. 

Во одговор на новинарско прашање, Мицкоски рече дека очекува трговците да продолжат да ги намалуваат цените на производите, што претходно ги зголемија на сметка на поевтинувањето на производите опфатени со акцијата „Новогодишна кошница“, по што Владата предупреди дека ќе ги замрзне цените. 

Моравме да интервенираме и да покажеме колку сме сериозни во намерата, не може одредени трговци на грбот на граѓаните да остваруваат дополнителни екстра профити. Тие ги намалија цените пред Нова година, некаде 10, некаде 15, некаде и повеќе проценти. Очекувам овој тренд да продолжи и во деновите што следат, изјави Мицкоски.

Тој истакна дека Ско некој мисли дека владаа не го следи сето тоа, се лаже.

Ако ги гледаме профитите што ги остваруваат трговските ланци ќе дојдеме до закулучок дека помеѓу условно кажано најуспешните компании 10, 15, 20, гледаме такви трговски ланци, а конјуктурата на бизнисот не е сменета, не е драматично зголемена потрошувачката ниту пак има некои иновативни методи, туку станува збор за покачување на цените и тоа не е добро. Го следиме тоа на дневна база преку Државниот пазарен инспекторат и жестоко ќе реагираме ако повторно видиме дека се случуваат несакани појави, рече Мицкоски, кој присуствуваше  на пуштање во употреба на спортска сала во Радовиш. 

Министерот за економија, Бесар Дурмиши, на новогодишниот брифинг со медиумите, информираше дека има готова изготвено одлука за замрзнување на цените и доколку Државниот пазарен инспекторат при контролите укаже на злоупотреба на цените на основните производи, веднаш ќе биде донесена одлука на Влада за воведување на таква мерка. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Божиќно послание на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан
Следна Статија Мицкоски: Да видиме како ќе работи новиот претседател на Судскиот совет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Пет нови авиолинии стартуваат ова лето

И покрај неуспешните преговори со нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“, Владата најави проширување на мрежата на авиолинии и воведување нови летови од…

May 21, 2026
ЕКОНОМИЈА

Потпишан договор со ДМ- БАУ Интернационал за нова инвестиција од 7 милиони евра и 200 нови вработувања

Денес потпишуваме договор за нова инвестиција во државава. Договорот за државна помош кој се потпишува денес предвидува инвестиција од најмалку…

December 10, 2024
ЕКОНОМИЈА

СоФи планира да подигне 1,5 милијарди долари: Финансиска стратегија за раст

Финтех компанијата СоФи објавува план за проширување на капиталот, нагласувајќи ја нејзината развојна динамика

December 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Алибаба предводи пад на технолошкиот сектор по кратко објавување на црната листа на Пентагон

Групацијата Алибаба предводи распродажба на акции на кинески технолошки компании по привремено додавање на некои од најголемите имиња на списокот…

February 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?