Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Агелер за Груби: Ако немаш што да криеш, тогаш врати се и докажи го тоа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Агелер за Груби: Ако немаш што да криеш, тогаш врати се и докажи го тоа
МАКЕДОНИЈА

Агелер за Груби: Ако немаш што да криеш, тогаш врати се и докажи го тоа

Објавено January 4, 2025 10:20
Сподели
Сподели

Американската амбасадорка Анџела Агелер изјави дека е задоволна што поранешниот вицепремиер Артан Груби е на црната листа на САД. 

Таа во поткаст вели дека за случајот што тој е обележан од американските власти, доказите се на дофат на македонските власти, но како што рече, тие не се орган на прогонот. 

Доказите се тука, најголемиот дел од нив, не сите. Може да се отвори случај од она што е достапно тука и во регионот и тоа е она што ние како амбасада се надеваме дека ќе се случи, но исто така ние не сме орган на прогонот. Јас нема да му влезам никому дома, но се надевам дека ова поттикнува акција и  можам да кажам дека последните неколку имиња на црната листа навистина предизвикаа реакција, вели Агелер. 

Таа вели дека нема поим каде се наоѓа Артан Груби, а на новинарска забелешка дека тој е во Албанија, Агелер рече „ако има една работа што во оваа земја се прави многу, многу добро, тоа е да се пуштаат гласини“.

Според неа, ирелевантно е каде е Артан Груби, но вели дека генерално гледано, луѓето не бегаат ако немаат што да кријат.

Оттука, она на што ние се надеваме, она што јас се надевам, е токму како што велите, одговорност – да ја преземеш одговорноста ако не си направил ништо погрешно. И ова важи за секој кој е ставен под санкции, односно за секој кој е под некаква судска постапка во оваа земја. Ако немаш што да криеш, тогаш врати се и докажи го тоа. Постои правен процес овде, и дел од тој процес започна со господинот Груби во врска со различни обвиненија што му се покренати. И, пак, ќе речам, ако нема што да крие… и знам дека многу се зборува за – и знам дека е така – дека има влијание во судството – тоа може да биде проблем, но луѓето во оваа земја сакаат да видат дека се води процес. Луѓето сакаат да разберат за каков процес станува збор и зошто одредени работи се прават. И најдобриот начин да се врати довербата на јавноста овде е да има отворен процес, а тоа значи дека некој што е обвинет за одредени дела треба да се врати и, како што велиме, да се соочи со последиците, рече таа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Белингем промаши пенал, па погоди во 96.минута за триумф над Валенсија – Винисисус го удри Димитриевски и доби црвен картон
Следна Статија (Видео) Салах: Ова е моја последна сезона во Ливерпул

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Пуштете вода веднаш или излегуваме на улица, Стевковски со закана до Водовод

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, преку својот профил на социјалните мрежи се обрати до граѓаните по однос на…

July 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Божикните празнувања во Бигорски почнуваат од утре

Божикните празнувања во Бигорскиот манастир почнуваат од утре наутро, со благослов на епископот Антаниски г. Партениј, игумен на Свештената бигорска…

January 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Еве колку снег има на Попова Шапка и во Маврово, од утре нови врнежи на повеќе места

Попова Шапка и Маврови Анови утрово се најстудените места во државата. На мерните станици на Управата за хидрометеоролошки работи и…

December 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Инспекторатот за животна средина вели дека Усје не загадува

До 20 декември 2025 година се реализирани 1700 инспекциски надзори за амбиентален воздух, од кои 839 редовни, 532 вонредни и…

January 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?