Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп ја нарече судската одлука за изрекување пресуда против него „незаконски политички напад“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп ја нарече судската одлука за изрекување пресуда против него „незаконски политички напад“
СВЕТ

Трамп ја нарече судската одлука за изрекување пресуда против него „незаконски политички напад“

Објавено January 4, 2025 13:28
Сподели
Сподели

Повторно избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, ја нарече одлуката на судијата Хуан Мерчан да не го запре случајот против него за исплатите за молчење на порно-ѕвездата Сторми Даниелс и да изрече пресуда на 10 јануари „незаконски политички напад“.

„Овој нелегитимен политички напад не е ништо повеќе од фарса“, напиша идниот претседател, кој ќе ја преземе функцијата на 20 јануари, на неговата социјална мрежа „Трут Соушл“.

Судијата Хуан Мерчан изјави дека Трамп, прв поранешен претседател кој бил осуден за кривично дело, може да се појави лично или виртуелно на изрекувањето на казната.

Во одлуката напишана на 18 страници, Мерчан ги отфрли различните барања на адвокатите на Трамп за поништување на неговата пресуда.

Судијата истакна дека наместо затворска казна склон е да одреди „безусловно ослободување“ (што значи дека осудата останува, но обвинетиот е ослободен без затвор, парична казна или условно), што е многу поблага казна и ќе овозможи Трамп да влезе во Белата куќа, но како осуден криминалец.

Лани во мај на судење во Њујорк Трамп беше прогласен за виновен по 34 точки и тоа за фалсификување деловни документи со цел да прикрие исплата на пари на Сторми Даниелс, актерка во филмови за возрасно, што се случувало пред изборите во 2016 година, за да се спречи таа да открие дека во 2006 година имала сексуална врска со Трамп.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нефер трговските практики ќе се казнуваат со до 20.000 евра, Ристески најави строг мониторинг
Следна Статија ТАКСИМЕТАР КАКО СТОПЕРИЦА – Девојки изненадени од таксито на Копаоник: „Ова го нема ни во Париз“ (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Главната цел на Русија на самитот на БРИКС: Крај на доминацијата на доларот

Русија се обидува да ги убеди земјите од БРИКС да изградат алтернативна платформа за меѓународни плаќања која би била имуна…

October 19, 2024
СВЕТ

Американска медицинска сестра: Лекарите и персоналот гладуваат во последната болница во Газа

Во преполните ходници на медицинскиот комплекс Насер, последната функционална болница во јужна Газа, палестинско-американската медицинска сестра Аманда Насер е сведок…

August 19, 2025
СВЕТ

Франција ќе ја признае Палестина како држава, потврди Макрон

Франција ќе ја признае Палестина како држава, објави синоќа претседателот Емануел Макрон на X. – Во согласност со нејзината историска…

July 25, 2025
СВЕТ

Пукање во Далас: Снајперист застрела тројца, па се самоуби

Осомничениот вооружен напаѓач кој пукал во објектот на ICE од соседната зграда е мртов, соопшти полицијата во Далас на социјалната…

September 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?