Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: Претседателката не го потпиша указот за Законот за заштита на децата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: Претседателката не го потпиша указот за Законот за заштита на децата
ПОЛИТИКА

СДСМ: Претседателката не го потпиша указот за Законот за заштита на децата

Објавено January 5, 2025 22:40
Сподели
Сподели

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) попладнево објави дека претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, не го потпишала указот за Законот за заштита на децата, со кој се предвидуваше воведување на двојазични лиценци во градинките. Од СДСМ го поздравија овој чекор и побараа од ВМРО-ДПМНЕ да се повлече од измените на законот.

„Го поздравуваме непотпишувањето на указот од страна на претседателката, со што се отвора можност за ревизија, и бараме власта да се повлече од намерите поради спорните одредби што ги содржи законот. Членовите 9 и 10 од Предлог-законот, предложен од Владата, значат воведување двојазични лиценци во областа на детската заштита. Овој сегмент е веќе регулиран со друг закон за употребата на јазиците, а истовремено е спротивен на Уставот на државата. Дополнително, предложените измени враќаат процеси наназад, дозволувајќи лиценцирање во хартиена форма наместо дигитална, што отвора простор за злоупотреби, партизација и сомнително доделување на лиценци по партиски клуч“, истакнаа од СДСМ.

Од партијата нагласија дека не само одредбите, туку и самата процедура за усвојување на законот е спорна.

„Предлог-законот од матичната Комисија за социјална политика, млади и демографија беше префрлен за расправа и дискусија во Комисијата за енергетика. Претседателот на Собранието го прекрши Деловникот само за да ја заобиколи надлежната Комисија за социјална политика, која е блокирана поради неприфаќањето на Законот за посебните права на бранителите“, велат од СДСМ.

Според нив, ВМРО- ДПМНЕ многу му должи на ВЛЕН, но правниот поредок на државата не смее да биде загрозен заради политичките дилови на владејачката коалиција.

Од Кабинетот на претседателката засега нема потврда на информацијата, ниту официјално образложение.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Витаминот кој треба да го пијат сите над 50 години
Следна Статија Всeленски бродови: Погледнете на какви стадиони ќе се игра Светското првенство во Саудиска Арабија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

„Зелен хуман град“ формира партија за да може да учествува на избори

Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ (ЗХГ) најави формирање на политичка партија, бидејќи, како што велат, тоа е единствениот начин независните…

July 23, 2025
ПОЛИТИКА

(Видео) Ристески од ВМРО-ДПМНЕ како студент имал патриотски нагон и затоа станал член на СДСМ

Во најавената епизода на „На кавга со Иван“, новинарот Иван Мирчевски го праша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, дали во…

June 17, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Мицкоски секогаш има нов рок, а никогаш резултати

Мицкоски секогаш има нов рок, а никогаш резултати. Вака опозициската СДСМ ја коментира денешната најава на премиерот дека списокот за…

June 20, 2026
ПОЛИТИКА

ВРЕДИ: ДУИ молчи за тоа со каков договор наредија бришење на дијаспората од пописот во 2021 година

Дури и по одлуката на Уставниот суд со која поделбата „резиденти/нерезиденти“ беше прогласена за неуставна, ДУИ не дава никакви одговори:…

June 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?