Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МОЌНО ОРУЖЈЕ: Што треба да знаете за мета очилата што ги користел напаѓачот од Њу Орлеанс во нападот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > МОЌНО ОРУЖЈЕ: Што треба да знаете за мета очилата што ги користел напаѓачот од Њу Орлеанс во нападот
СВЕТ

МОЌНО ОРУЖЈЕ: Што треба да знаете за мета очилата што ги користел напаѓачот од Њу Орлеанс во нападот

Објавено January 7, 2025 22:20
Сподели
Сподели

Човекот кој влетал со камион во толпа во Њу Орлеанс на Нова година, носел паметни очила Мета за да ја сними локацијата на нападот уште во октомври, соопшти ФБИ.

Во октомври, Шамсудин Џабар сними видео со наочари додека се движеше со велосипед низ Францускиот кварт и го планираше нападот, рече одговорниот специјален агент на ФБИ, Лионел Миртл од канцеларијата во Њу Орлеанс.

За време на нападот, Џабар се возел со пикап низ толпа луѓе на познатата улица Бурбон, при што загинале 14 лица.

Мета очила пронајдени на местото на злосторството
Инспекторите рекоа дека очилата биле пронајдени кај Џабар и дека ги носел за време на нападот, но не биле пронајдени докази дека тој снимал во тоа време.

Портпаролот на Мета, кој е сопственик на Фејсбук, одби да го коментира случајот.

Што се мета очила?
Мета очилата, развиени во соработка со брендот Ray-Ban, имаат вградена камера, звучници и вештачка интелигенција (ВИ) и може да се контролираат со глас, копчиња и едноставни гестови.

Што можат да направат сите мета очила?
Една од главните функции на овие очила е да прави фотографии и видеа со вградената камера, која потоа може да се прикачи на Instagram или Facebook.

Корисниците можат да проследуваат содржини во живо на социјалните мрежи Мета, да остваруваат аудио и видео повици, да испраќаат пораки или да слушаат музика.

Камерата му овозможува на помошникот за вештачка интелигенција да „види“ што гледа корисникот, за да може да преведува текст на повеќе јазици, да одговара на едноставни прашања или да бара знаменитости во близина.

Ограничувања на мета очилата
Мета очилата во моментов не можат да извршуваат посложени задачи, како што се резервации во ресторани или обезбедување насоки за навигација чекор по чекор.

Очилата немаат вграден екран, така што нема визир за кадрирање фотографии или видеа.

Исто така, вградениот LED индикатор светнува кога камерата работи, што ја известува околината дека снимате. Мета наведува дека овој индикатор не може да се исклучи за подискретно снимање, пишува Euronews.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Неверојатна наредба од градоначалник: „Избегнувајте какви било болести“
Следна Статија Пред 30 години еден продуцент ми кажа дека сум безначајна актерка, кажа Деми Мур откако освои „Златен глобус“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп ќе воведе санкции за Меѓународниот кривичен суд

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе потпише извршна наредба за санкционирање на Меѓународниот кривичен суд поради таргетирање на САД и нивните…

February 6, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Беше страшно: Сведоштва од трагедијата во Кран Монтана

Стотици граѓани синоќа во тишина се собраа во Кран Монтана, полагајќи цвеќе и палејќи свеќи во спомен на жртвите од…

January 2, 2026
СВЕТ

Трамп ги бара украинските електроцентрали како гаранција за нивната безбедност

Американскиот претседател Доналд Трамп му предложи на украинскиот претседател Володимир Зеленски, САД да управуваат со украинските електроцентрали како гаранција за…

March 19, 2025
СВЕТ

Сиромаштијата во Германија достигна највисоко ниво од 2020 година

Во Германија живеат најмногу луѓе во сиромаштија од 2020 година, покажуваат податоците на Паритетното здружение за социјална грижа, објави „Deutsche…

June 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?