Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Инфлацијата во еврозоната порасна за 2,4% ќе ги намали ли каматите Европската централна банка?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Инфлацијата во еврозоната порасна за 2,4% ќе ги намали ли каматите Европската централна банка?
Blog

Инфлацијата во еврозоната порасна за 2,4% ќе ги намали ли каматите Европската централна банка?

Објавено January 8, 2025 12:20
Сподели
Сподели

Годишната стапка на инфлација во еврозоната, мерена со хармонизираниот ценовен индекс (HICP) во декември изнесува 2,4%, покажуваат прелиминарните пресметки на Евростат.

Инфлацијата во еврозоната бележи раст трет месец по ред. Трендот на раст на цените почна во октомври, кога цените пораснаа за 2,0%. Во ноември растот се забрза на 2,2%, покажуваат ревидираните податоци.

Во декември поскапеа услугите чии цени се зголемија за 4,0%, нешто повеќе од претходниот месец. Свежата храна е поскапа за 1,7% во однос на претходната година, но со значително поблаг раст од ноември.

Цените на енергенсите благо пораснале во декември, за 0,1% во однос на истиот месец од 2023 година. Во ноември тие се намалени за 2,0%, во октомври за 4,6%.

Ако се исклучат енергијата и свежата храна, основните цени во еврозоната во декември биле за 2,8% повисоки во однос на истиот период од претходната година, покажува пресметката на Евростат. Тоа значи дека основната стапка на инфлација е само благо зголемена во однос на ноември.

Највисок годишен раст на цените е забележан во Хрватска, каде што потрошувачките цени мерени со ХИЦП пораснале за 4,5%. Блиску до Хрватска во однос на растот на цените во декември е Белгија, со годишен раст од 4,4% и Естонија од 4,0%.

Убедливо најблаг раст на цените во еврозоната е забележан во Ирска, каде што цените пораснаа за 1,0% на крајот на минатата година. Следуваат Италија и Луксембург со раст од 1,4 односно 1,6%.

Се очекува Европската централна банка да ги намали каматните стапки на следниот состанок за монетарната политика на 30 јануари, но податоците за инфлацијата ќе влијаат на чекорите кои ќе ги преземе во однос на каматните стапки.

Очекуваме ЕЦБ да ги намали стапките само еднаш во првата половина од оваа година, со дополнителни намалувања концентрирани во втората половина на 2025 година – вели Чарли Корнс, виш економист во британскиот Центар за економски и деловни истражувања.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Студентите во Србија кои организираат блокади, ги повикаа граѓаните в недела на протести пред Уставниот суд
Следна Статија Прв случај на метапневмовирус во Грција, надлежните смируваат дека нема простор за паника

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Се урна криптовалутата на Меланија!

Мемекоинтот на Меланија Трамп целосно се урна, паѓајќи под границата од 1 долар денес за прв пат од неговото лансирање.…

February 27, 2025
Blog

Дневен хороскоп за Вага – вторник, 11 февруари 2025

💡 Општа енергија на денот: Денешниот ден носи енергија за осолободување од негативни мисли, отворање кон радост и повеќе дипломатски…

February 11, 2025
Blog

Трендафилов повикува на протест – 160.000 работници живеат под прагот на сиромаштија

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, во среда повика на масовен излез на работничкиот протест закажан за…

March 11, 2026

Iran’s Supreme Leader Ayatollah Ali Khamenei killed in US-Israel attack – BBC

March 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?