Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Груби веќе не е професор по новинарство во Тетово, отказот му е пратен по мејл
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Груби веќе не е професор по новинарство во Тетово, отказот му е пратен по мејл
МАКЕДОНИЈА

Груби веќе не е професор по новинарство во Тетово, отказот му е пратен по мејл

Објавено January 8, 2025 16:00
Сподели
Сподели

Деканот на Правниот Факултет при Универзитетот во Тетово, Сафет Емурли за МИА информира дека на Артан Груби, кој бил вработен како професор на отсекот по новинарство, му е испратено решение за отказ.

Груби бил таму вработен од 2012 година, а поради вршење јавна функција, местото било во мирување до август 2024 година кога се вратил на работа.

– Завршена е постапката со отказ на споменатото лице. Значи веќе не е во работен однос во Тетовскиот Универзитет. Отказот му е пратенпо пошта и електронски на службениот и-мејл – изјави Емурли за МИА.

Во Законот за работни односи согласно член 82 се вели дека работодавачот може на работникот да му го откаже договорот за вработување без отказен рок во случаи на кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски утврдени со овој или друг закон, колективен договор, правилата за работниот ред и дисциплина и договорот за вработување, а особено ако работникот неоправдано изостане од работа три последователни работни дена или пет работни дена во текот на една година.

На 9 декември 2024 година, Груби се најде на црната листа на американскиот Стејт департмент од каде посочија дека заедно со судија биле вмешани во значителна корупција преку примање мито. За него е почната и кривична постапка во предметот „Државна лотарија“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поскапуваат бензините и дизелот
Следна Статија Oд 14 јануари ќе се возиме по нов експресен пат од Градско до Дреново

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Не очекувам поинаква реторика од источниот сосед, светот и Европа видоа која беше целта на бугарските политичари

Не очекувам од нашиот источен сосед и да испрати поинаква порака. Тие мора пред нашите европартнери и партнерите во НАТО…

July 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Секој македонски граѓанин изминатата година создал по 438 килограми комунален отпад

Минатата година во земјава биле собрани вкупно 637 471 тон комунален отпад, што е зголемување во однос на претгодните години,…

December 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пожар на Скопска Црна Гора

Попладнево изби пожар на отворен простор на Скопска Црна Гора, над скопското с. Раштак. Во гаснењето учествуваат повеќе екипи на…

September 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Распука асфалтот на патот кон Теферич, пет месеци по неговата поправка

Распука асфалтот на патот што води кон населбата Теферич во Општина Кисела Вода. Ова е констатирано од денешниот увид на…

February 24, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?