Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Доктор Даниловски: Метапневмовирус воопшто не е нов вирус, се лекува како обична настинка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Доктор Даниловски: Метапневмовирус воопшто не е нов вирус, се лекува како обична настинка
ЗДРАВЈЕ

Доктор Даниловски: Метапневмовирус воопшто не е нов вирус, се лекува како обична настинка

Објавено January 9, 2025 09:10
Сподели
Сподели

Епидемиологот Драган Даниловски тврди дека нема потреба од страв и паника меѓу населението во Македонија откако во соседството се појави случај на метапневмовирус.

Според доктор Даниловски, во моментов во умерените климатски подрачја на планетава, на северната хемисфера вообичаено е трендовите на акутните респираторни инфекции да се зголемуваат во овој период од годината.

Појаснува дека овие зголемувања обично се предизвикани од сезонскиот грип, респираторниот синцицијален вирус (RSV) и други вообичаени респираторни вируси, во кои спаѓа и човечкиот метапневмовирус (human metapneumovirus – HMPV), како и „mycoplasma pneumoniae“.

-БЕЗ ПАНИКА! HMPV Е ДАМНЕШЕН „СОЖИТЕЛ“ НА ЛУЃЕТО

Во умерените климатски подрачја на планетава – во моментов, на северната хемисфера – вообичаено е трендовите на акутните респираторни инфекции да се зголемуваат во овој период од годината. Овие зголемувања обично се предизвикани од сезонскиот грип, респираторниот синцицијален вирус (RSV) и други вообичаени респираторни вируси, во кои спаѓа и човечкиот метапневмовирус (human metapneumovirus – HMPV), како и mycoplasma pneumoniae. Оттаму, извештаите во медиумите за зголемен број хоспитализации во Кина, наводно, заради инфекции со НMPV, не се докрај точни, зашто, таму зголемен е бројот и на сите други респираторни вируси! Како што е сосема вообичаено во зима! Патем, НMPV воопшто не е нов вирус (како што беше короната)! Тој е дел од „коктелот“ респираторни вируси кои се „добри познајници“ на човекот, отсекогаш. Што значи дека човечкиот организам веќе има воспоставено одбранбени механизми против него. Што значи, исто така, дека сите треба да бидеме апсолутно спокојни! Место за страв од нова пандемија нема! А вознемирувачките написи во порталите – игнорирајте ги! Мерките за превенција и третман се сосема исти како за обичните настинки, пишува докторот.

Метапневмовирусот се пренесува преку близок контакт. Смртноста е пониска од грипот.

https://www.facebook.com/share/p/128u3z8CMng

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бајден ги проширува санкциите против оние кои му се закануваат на Западен Балкан и ги поткопуваат повоените договори
Следна Статија Бројни холивудски ѕвезди останаа без вилите во Лос Анџелес: „Тука ги пораснавме нашите деца“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Измислена нова вакцина за трудници во Велика Британија

Во Велика Британија е воведена нова здравствена стратегија насочена кон заштита на новороденчињата преку вакцинација на бремените жени против респираторниот…

May 2, 2026
ЗДРАВЈЕ

Резултатите за водата во Гостивар ќе бидат објавени откако ќе одобри Обвинителството

Резултатите за водата во Гостивар направени од Институтот за јавно здравје во текот на денот ќе бидат испратени до Јавното…

July 20, 2026
ЗДРАВЈЕ

Сестра Жанета Богоевска Митева избрана за претседател на Европската федерација на асоцијации на сестри за интензивна нега

Сестра Жанета Богоевска Митева, долгогодишна вработена во Клиниката „Жан Митрев“, е избрана за претседател на Европската федерација на асоцијации на…

October 17, 2025
ЗДРАВЈЕ

Извештајот, по сомневањата за непотребни операции на срце, ќе биде јавно достапен, но откога и нашите и странските експерти ќе го завршат

Странските експерти сѐ уште не се вклучени во анализата дали во 13 пријавени случаи имало непотребно направени операции на срце по…

October 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?