Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вработените во администрацијата си одат – мора да им пораснат платите за 30%
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Вработените во администрацијата си одат – мора да им пораснат платите за 30%
ЕКОНОМИЈА

Вработените во администрацијата си одат – мора да им пораснат платите за 30%

Објавено January 9, 2025 15:00
Сподели
Сподели

Нема Министерство или институција во која досега одржавме состанок каде раководителите и менаџерите самите не се свесни дека ќе има огромен егзодус на вработени доколку во најбрз можен рок не се покачат платите за 30 проценти, порача вчера претседателот на УПОЗ Трпе Деаноски.

Тоа, како што истакна во интервју за „Топ тема“ на телевизија Телма, особено се однесува на стручните и обучени кадри кои ги водат институциите.

-Не можеме да привлечеме нови вработувања во државната управа, правосудството, агенциите и фондовите доколку не се покачат платите. Тоа се покажа како точно во изминативе години, бидејќи на огласите што ги објавува Агенцијата за администрација или, пак, министерствата никој не се јавува и младите не се заинтересирани да работат во јавната администрација, рече Деаноски.

Тој посочи дека почетната плата на лице со високо образование во јавниот сектор во моментов би била 26.000 денари.

-Зошто некој би работел за 26.000 денари, праша Деаноски и додаде дека веќе никој ни од партиските штабови не сака да работи за таква плата.

Моментално, како што кажа, нема никаква правна пречка, ниту, пак, некогаш имало за потпишување на колективни договори со кои би се зголемила платата, без разлика за кој дел од јавниот сектор се работи, но буџетските корисници треба претјходно да добијат дозвола од Министерството за финансии за да го направат тоа. 

-Иако правилникот на минатата влада, според кој се бараше пред потпишувањето на било каков колективен договор во јавната администрација прво да се добие согласност од Министерството за финансии, беше укинат од Уставниот суд, сепак останува Членот 4 од Законот за извршување буџети, кој го предвидува токму истото, и тоа е сега причина Министерството да ги одбие колективните договори. Дури и оние државни институции кои имаат сопствени приходи од наплаќање на услуги не можат да ги користат за зголемување на платите и потпишување на колективни договори без да добијат согласност и мислење од Министерството за финансии, истакна Деаноски.

Укажа дека зависи во кој дел од јавен сектор се потпишува колективен договор и посочи дека немаат никаков проблем кај колективните договори со локалната самоуправа и јавните претпријатија, зашто имаат сопствени приходи и со нив можат да располагаат.

-Кога веќе се именуваат директори и раководители на јавни институции и од нив се бараат изјави под кривична одговорност дека разумно ќе располагаат со нивните буџети, треба да им се дозволи и да располагаат со нив, во смисла на зголемување на платите на вработените за да ги задржат како вработени, посочи Деаноски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Спиење во хотелот пред кој Мијалков паркира Ферари чини 35 просечни или 70 минимални македонски плати
Следна Статија Петрушевски: Сите се откажаа и извинија за Груби, само СДС не се извини зошто со години дозволија да краде

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Божиновска: За брзо време ќе биде избран методот за изградба на хидроцентралата Чебрен

Во најкус временски период ќе знаеме точно кој метод ќе го примениме при изградбата на хидроцентралата Чебрен, но секако сакаме…

May 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Се помалку дизел возила во ЕУ

Бројот на дизел возилата (вклучувајќи ги и дизел хибридите) во Европската Унија во изминатата деценија се намалил за 67 отсто,…

February 21, 2026
ЕКОНОМИЈА

Електродистрибуција ја зајакнува нисконапонската мрежа со инвестиции над 10 милиони евра

Екипите на Електродистрибуција, во првите 6 месеци од 2025 година, успешно реализираа повеќе инфраструктурни проекти насочени кон модернизација и подобрување…

October 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ванделт: Не ни е познато дека некој од германските инвеститори планира кратење на работни места

Директорката на Германската стопанска комора (АХК), Антје Ванделт вели дека вработените во германските инвестиции во земјава не треба да се…

December 17, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?