Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кривична пријава против тројца за бруталното претепување на бездомното куче Феликс
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кривична пријава против тројца за бруталното претепување на бездомното куче Феликс
ХРОНИКА

Кривична пријава против тројца за бруталното претепување на бездомното куче Феликс

Објавено January 10, 2025 12:00
Сподели
Сподели

Кривична пријава е поднесена против тројца осомничени за крвничкото претепување на бездомното куче Феликс во кругот на фирма во индустриската зона Момин Поток, објави „А1он“. Инцидентот, кој се случи во ноември, ја шокираше јавноста откако се појави снимка на која се гледа како вработен брутално го претепува кучето со метална шипка.

Кучето, кое подоцна го доби името Феликс, вчера угина во стационарот на ЈП „Лајка“, месец и половина по инцидентот.

Од МВР информираат дека пријавата е поднесена за кривичното дело „мачење животни“ според член 233 од Кривичниот законик, за кое е предвидена парична казна или затвор до шест месеци.

„СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Љ.К. (61), Б.Б. (64) и З.Д. (74), сите од Скопје. За дополнителни информации, обратете се до ОЈО Скопје,“ изјавија од МВР.

Според неофицијални информации, кучето било нападнато откако извршило нужда пред складиштето на фирмата. И покрај бројните пријави за слични случаи, досега во земјава нема осудителна затворска пресуда за „мачење животни“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Детали за посетата на Мицкоски на САД: Премиерот по инаугурацијата на Трамп ќе има средби со клучни фигури од новата администрација
Следна Статија Познат фудбалер од Премиер лигата обвинет за силување

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Притвор за 28-годишник осомничен за демнење на градоначалникот на Неготино

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци повел постапка против 28-годишен жител на Неготино осомничен за кривично дело демнење, а…

March 3, 2025
ХРОНИКА

Во Берово погребално претпријатие откопувало гробови, човечките остатоци ги фрлало на друга локација

Погребално претпријатие во Берово ископувало стари гробови и остатоците од починатите лица ги фрлало на друга локација, соопшти СВР Штип.…

March 14, 2025
ХРОНИКА

Маж пронајден починат, познат неговиот идентитет

Вчера во СВР Струмица било пријавено дека во стан на ул. „Братство Единство“ во Струмица бил пронајден починат Д.Ј.(73) од…

February 15, 2025
ХРОНИКА

Пресечен транспорт на дрога кај Свети Николе

Полициските екипи вчеравечер во нова акција со која е пресечен транспорт на дрога. Екипи на Организиран криминал и САЕ Тигар…

January 27, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?