Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Милановиќ или Приморац: Хрватска гласа на вториот круг од претседателските избори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Милановиќ или Приморац: Хрватска гласа на вториот круг од претседателските избори
БАЛКАН

Милановиќ или Приморац: Хрватска гласа на вториот круг од претседателските избори

Објавено January 12, 2025 10:40
Сподели
Сподели

На повеќе од 6.500 избирачки места во Хрватска денеска во 7 часот почна гласањето во вториот круг од претседателските избори на кои учествуваат досегашниот претседател Зоран Милановиќ (СДП) и Драган Приморац, поддржан од владејачката  ХДЗ, Татковинското движење и неколку помали партии, јави Хина.

Избирачките места ќе бидат отворени до 19 часот, а првите резултати Државната изборна комисија (ДИК) ќе ги соопшти во 19 часот и 30 минути.

Во првиот изборен круг учествуваа осум кандидати, а Милановиќ влезе во вториот круг со 49,1 отсто освоени гласови и Приморац со 19,35 отсто поддршка од гласачите.

Државната изборна комисија ги повика гласачите да не се јавуваат телефонски, да не испраќаат СМС пораки или е-пошта, а кандидатите и нивните предлагачи да се воздржат од објавување на нови пропагандни содржини како статуси, видео клипови, слики или коментари на социјалните мрежи или платформи.

Според последната анкета на РТЛ во пресрет на вториот круг од претседателските избори, Милановиќ ќе добие втор мандат на таа функција бидејќи го поддржуваат 62,5 отсто од гласачите, додека Приморац ќе има поддршка од 27,8 отсто од граѓаните, објавија вчера хрватските медиуми.

Анкетата покажува дека 6,8 отсто од гласачите се неопределени, а 2,9 отсто од нив најавуваат дека ќе го поништат гласачкото ливче.

Кога тие бројки ќе се споредат со истото истражување од минатиот месец пред изборите, Милановиќ денеска би требало да освои осум отсто повеќе гласови, а Приморац седум отсто помалку отколку во декември, пишува загрепскиот портал индекс. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Добивале бугарски пасош регистрирани на непостоечки адреси, празни ниви, бандери…
Следна Статија (Видео) Се шират пожарите во Лос Анџелес, бројот на загинати се искачи на 16

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Напнато во Белград: Вечерва нови протести низ Србија

Со пораката „Ние не сме вреќи за удирање“, „Србија е во Ваљево, а гневот е во нас“, „Ги принудивте децата…

August 15, 2025
БАЛКАН

Две девојки во Бугарија скокнале од воз во движење оти ја пропуштиле станицата, едната е во критична состојба

Две девојки, на возраст од 20 и 21 година, биле итно префрлени во болница во Пловдив откако скокнале од патнички…

August 27, 2025
БАЛКАН

Босанец се фалел на социјалните мрежи како вози со нозете – го стигна казна (ВИДЕО)

Возач од Коњиц се пофалил на социјалните мрежи дека возел автомобил со нозе! Откако видеото стана вирално, тој бил уапсен,…

September 5, 2025
БАЛКАН

Вучиќ денеска организира контра протести во 100 градови

Вучиќ денеска организира контра протести во 100 градови. Како што е најавено, граѓаните кои се против блокадите ќе се соберат…

September 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?