Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Прада сака да го купи Версаче
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Прада сака да го купи Версаче
Blog

Прада сака да го купи Версаче

Објавено January 12, 2025 12:00
Сподели
Сподели

Модните трендови имаа различни влијанија врз бизнисот на две италијански куќи кои наскоро би можеле да станат една.

Преговорите за спојување на италијанските модни компании „Тапестри“ и „Капри холдингс“ пропаднаа во ноември, а потоа „Капри холдингс“ се обрати до „Барклис“, која и препорача да ги продаде своите брендови „Версаче“ и „Џими Чу“, пренесува „Ројтерс“, цитирајќи два анонимни извори запознаени со ова прашање.

Еден од изворите не ја отфрли можноста на продажба да се најде целиот „Капри холдингс“, кој забележа голем пад на кварталните приходи во ноември.

За разлика од тоа, модната фирма „Прада“ бележи добри резултати. Компанијата во ноември објави дека нејзиниот нето приход за првите девет месеци од 2024 година се зголемил за 15 отсто на годишно ниво, достигнувајќи 3,83 милијарди евра.

Продажбата на мало на „Прада“ во Европа се зголемила за 16 отсто на годишно ниво на 1,09 милијарди евра, во азиско-пацифичкиот регион за девет отсто на 1,14 милијарди евра и во САД за седум отсто на 576 милиони евра.

– Нашите брендови остануваат пожелни и релевантни благодарение на силата и доследноста на нивниот идентитет, креативноста и прецизното позиционирање – рече извршниот директор на „Прада“, Андреа Гуера во изјавата објавена на веб-страницата на компанијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кедев: Белите дробови и умот се клучни на големите височини
Следна Статија Мисајловски: Оддаваме почит на нашите загинати припадници, да го зачуваме споменот и да не го заборавиме нивното херојско дело

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Џо Бајден го помилува синот осуден за оружје и даночно затајување: Се надевам дека Американците ќе разберат

Американскиот претседател во заминување Џо Бајден го помилува својот син Хантер, што е прилично пресврт за претседателот кој постојано изјавуваше…

December 2, 2024
Blog

Rolex ги зголеми цените на часовниците

ROLEX SA, најголемиот швајцарски бренд за луксузни часовници, ги зголеми цените на некои од своите најпопуларни модели откако цените на…

January 3, 2025
Blog

(Видео) Трамп им вети „пекол“ на напаѓачите на продавниците на „Тесла“

Нападите на продавниците на „Тесла“ ќе бидат означени како домашен тероризам, а сторителите „ќе поминат низ пекол“, изјави американскиот претседател…

March 12, 2025
Blog

„Крис Велики“, вели за Павловски италијанскиот бизнисмен и научник Паоло Ардоино кој е во Скопје

Италијанскиот милјардер, бизнисмен и компјутерски научник Паоло Ардоино деновиве е во Скопје, каде што учествува на Скопје 2025. На мрежата…

May 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?