Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шолц контра Трамп за Гренланд, Канада и Панама
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Шолц контра Трамп за Гренланд, Канада и Панама
СВЕТ

Шолц контра Трамп за Гренланд, Канада и Панама

Објавено January 12, 2025 22:20
Сподели
Сподели

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека експанзионистичката реторика на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, која е насочена против Гренланд, Канада и Панама, е причина за загриженост.

Канцеларот во заминување на Конгресот на неговата Социјалдемократска партија на Германија (СПД) во Берлин рече дека претстојат „неизвесни времиња“ во односите со Вашингтон, оценувајќи дека „одредени сили во Америка“ работат „на уништување на демократските институции на Западот“, објави Блумберг.

Канцеларот посочи дека принципот на неповредливост на границите важи за секоја земја и дека тоа е суштината на западните вредности.

На партискиот конгрес на СПД, вчера, Шолц и официјално беше номиниран за кандидат за канцелар на претстојните парламентарни избори и беше усвоена изборната програма на партијата.

Кандидатот за канцелар на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), Фридрих Мерц, рече дека критиките нема да го вознемируваат Трамп и дека Германија треба да се фокусира на враќање на сопствената економска и воена сила.

Според анкетите, централно-десничарскиот блок ЦДУ/ЦСУ (Христијанската социјална унија на Баварија) има околу 31 отсто поддршка од гласачите, екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) има околу 20 отсто, СПД 17 отсто, а Зелените 12 проценти.

Сојузникот на Трамп, американскиот милијардер Илон Маск неодамна ја поддржа AfD пред германските избори закажани за 23 февруари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бајден ја осуди одлуката на Мета да ја прекине програмата за проверка на факти
Следна Статија Приведени четири лица од Гевгелиско, незаконски ловеле

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Светските лидери му се заблагодаруваат на Трамп за договорот меѓу Хамас и Израел

Светските лидери го поздравија договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, објавен од американскиот претседател Доналд Трамп. Еве…

October 9, 2025
СВЕТ

Исламист со потекло од Македонија доби 15 години затвор во Австрија

Планираниот напад врз концертите на американската музичка ѕвезда Тејлор Свифт донесе 15 години затвор за исламист чии родители се од…

May 29, 2026
СВЕТ

Илегален мигрант од Гватемала запали жена во метрото во Њујорк

Идентификуван мажот кој на 22 декември во метрото на Њујорк запали жена, која почина. Напаѓачот е 33-годишниот Себастијан Сапета, илегален…

December 25, 2024
СВЕТ

Маск предложи тестирање на менталните способности на сите државни службеници во САД

Илон Маск предложи да се воведе тестирање на менталните способности на службениците во САД. Иницијативата доаѓа откако 81-годишната конгресменка од…

December 23, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?