Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Андоновски: Откриени се злоупотреби од неколку милиони евра во Фондот за иновации, се надевам дека обвинителството ќе постапува поажурно
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Андоновски: Откриени се злоупотреби од неколку милиони евра во Фондот за иновации, се надевам дека обвинителството ќе постапува поажурно
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Откриени се злоупотреби од неколку милиони евра во Фондот за иновации, се надевам дека обвинителството ќе постапува поажурно

Објавено January 14, 2025 09:48
Сподели
Сподели

Во синоќешното гостување на „ТопТема“, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, истакна дека неколку минати раководства на ФИТР, работеле криминално и направиле бројни финансиски злоупотреби и криминали, за кои се поднесени и се поднесуваат кривични пријави.

„Се покажа дека Фондот за иновации со сите негови претходни директори во последните 6 години работел многу криминално. Неколку милиони евра штета се во прашање направени. Оваа недела ќе има и нови кривични пријави, за различни проекти кои што никогаш не се реализирале, а биле исплаќани”, потенцираше Андоновски.

Тој додаде дека Фондот за иновации го има изгубено кредибилитетот поради оние кои што додека раководеле со фондот давале пари за непостоечки иновации, оценети негативно и од ревизорски извештаи.

„За жал, Фондот за иновации го изгуби кредибилитетот кај граѓаните и ние ако отвориме нова програма утре во Фондот за иновации, луѓето ќе речат вие сте исти како претходните. Како што претходните делеа пари за хулахопки, за пица рецепти, за небинарен тоалет, така и вие сега ќе правите за некои нови. Тоа не можеме да го дозволиме.”

Министерот додаде дека планот е постапно Фондот да се затвори, а надлежностите да ги преземат Министерството за дигитална трансформација, МОН и други соодветни институции.

„Идејата е Фондот да се затвори и тоа ќе се случи во текот на 2025 година, а надлежностите во поглед на технолошкиот развој, иновациите да ги преземат институциите кои што се соодветни на тоа, во поглед на технолошкиот развој, дигиталните иновации тоа е нашето министерство, во научните проекти и иновации министерството за образование. Планот за тоа ќе биде постапен.”, појасни Андоновски.

Андоновски испрати и поттикнувачка порака до моменталното раководство на ФИТР, да работи уште понапорно на ревизијата како би се открило сè што се случувало внатре.

Го поттикнувам Фондот да работи уште понапорно на ревизијата. Кога ќе го исчистиме процесот од овој неквалитет и криминал што му се случува на ФИТР, ќе имаме отворено поле да дискутираме која е следната патека. Според мене тоа се Европските Дигитални Иновациски Хабови (EDIH) како иновативен начин да одиме напред, за кој што обезбедивме еден милион евра кофинансирање, за проекти кои ќе финансираат дигитализација на малите и средните претпријатија. И тоа е вистинска инекција за бизнисот.” дециден беше Андоновски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Православните верници го чествуваат Свети Василиј Велики, празник кај народот познат како Василица
Следна Статија Роналдо ќе продолжи во Ал-Наср, ќе игра за дневница од 555.555 евра!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Утрово општина Гази Баба рушеше дивоградба и спречи две нови да никнат

Утрово во заедничка акција со полицијата, општина Гази Баба урна дивоградба, на која, сопственикот продолжил со градежни активности и покрај…

December 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Радмила Шеќеринска на прием кај претседателката Сиљановска Давкова

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шеќеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на…

November 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Македонија го зајакнува својот одбранбен капацитет- набавени артилериски системи и опрема согласно НАТО стандардите

Денеска стоиме пред важен чекор на нашата држава, го зајакнуваме својот одбранбен капацитет, ја модернизираме својата армија и јасно покажуваме…

July 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Беким Сали ја презеде функцијата министер за европски прашања

Денеска во Министерството за европски прашања беше извршено примопредавање на функцијата министер за европски прашања, по вчерашната одлука на Собранието,…

December 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?