Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Разузнавачки агенции: Инаугурацијата на Трамп потенцијална цел на екстремистите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Разузнавачки агенции: Инаугурацијата на Трамп потенцијална цел на екстремистите
СВЕТ

Разузнавачки агенции: Инаугурацијата на Трамп потенцијална цел на екстремистите

Објавено January 15, 2025 09:40
Сподели
Сподели

Инаугурацијата на Доналд Трамп на 20 јануари е потенцијална цел за закани и насилни екстремисти, предупредија американските разузнавачки агенции. Поради ова безбедноста ќе биде зголемена, односно се предвидува церемонијата на инаугурација да ја обезбедуваат околу 25.000 припадници на полицијата и воениот персонал, пишува американски „Политико“.

Потенцијалните сторители, се претпоставува, би можеле да ја видат заклетвата на новоизбраниот претседател како „последна шанса да се влијае на изборните резултати преку насилство“, напишаа група разузнавачки агенции за спроведување на законот во проценката за закана, до која порталот имаше пристап.

Проценката на заканите, од страна на ФБИ, Тајната служба, полицијата на Капитол, владата на Вашингтон и полицискиот оддел на Врховниот суд, изложи мноштво сценарија во кои странски терористи, домашни екстремисти и „осамени волци“ би можеле да извршат бомбашки напади, летови со беспилотни летала или напади врз возила и сл.

Службениците за спроведување на законот, исто така, се загрижени дека протестите околу инаугурацијата би можеле да станат насилни – одредени групи бараа дозволи за демонстрации, вклучително и некои кои претходно организираа протести кои завршија со апсења.

„Минатите протести на некои од овие лица вклучуваа блокирање на сообраќајот, неовластено преминување, уништување имот и отпор при апсење“, се додава во проценката на заканите.

Џон Коен, поранешен функционер за борба против тероризмот кој помогна во планирањето на безбедноста за инаугурацијата на Бајден, рече дека овогодинешниот настан се соочува со повеќе закани отколку пред четири години.

„Како некој што беше вклучен во планирањето на последната инаугурација, опкружувањето за закана беше опасно и е уште понестабилно и опасно отколку што беше во 2021 година“, рече тој. Се додава дека само минатата недела, полицијата на Капитол уапсила маж кој се обидел да внесе мачета и три ножеви во центарот за посетители на погребот на поранешниот претседател Џими Картер, а истиот ден полицијата уапсила уште едно лице кое запалило автомобил во близина на Капитол додека Трамп бил таму, пренесува Танјуг.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тажна вест за македонскиот ракомет: Почина Александар Јовиќ!
Следна Статија Како ќе работи системот „сејф сити“: Ќе се казнува и за минување на жолто, „врски“ не проаѓаат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Технолошки лидери реагираат на трагичната смрт на Алекс Прети

Инцидентот предизвика силни емоции и загриженост во технолошкиот сектор

January 28, 2026
СВЕТ

Белата куќа предлага компромис со Кина за извоз на Nvidia H200 чипови

Одлуката ќе отвори огромен пазар за производителот на чипови и ќе обезбеди американската технологија да остане стандард во светот.

December 10, 2025
СВЕТ

Лидерите на Хамас го преживеале израелскиот напад во Катар

Два извори од Хамас за Ројтерс изјавиле дека функционерите на Хамас во тимот за преговори за прекин на огнот го…

September 9, 2025
СВЕТ

Токсичен облак кај Барселона: Властите апелираат граѓаните да не излегуваат надвор

Властите упатија апел до над 160.000 жители на пет општини во каталонскиот регион на Шпанија да не ги напуштаат своите…

May 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?