Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ТРАМП ИЛИ ХАРИС? Нилски коњ од зоолошка градина во Тајланд го предвиде победникот на изборите во САД (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > ТРАМП ИЛИ ХАРИС? Нилски коњ од зоолошка градина во Тајланд го предвиде победникот на изборите во САД (ВИДЕО)
СВЕТ

ТРАМП ИЛИ ХАРИС? Нилски коњ од зоолошка градина во Тајланд го предвиде победникот на изборите во САД (ВИДЕО)

Објавено November 5, 2024 19:40
Сподели
Сподели

Ѕвездата на социјалните мрежи, нилскиот коњ Му Денг од зоолошката градина во Тајланд, денеска предвиде дека републиканецот Доналд Трамп ќе победи на претседателските избори во САД. Му Денг од двете понудени јадења го избра „Оброкот за Трамп“, за да процени кој ќе победи на неизвесните избори во САД.

Нилскиот коњ, четиримесечна женка, стана ѕвезда на TikTok и Instagram поради своите лудории, а со тоа влијаеше и на подобра продажба на билети за зоолошката градина во градот Као Кеову, во централниот дел на Тајланд. . На животното му беа понудени два оброка од врежано овошје и секој со име. На едната беше името на кандидатката на Демократската партија Камала Харис, а на другата беше името на поранешниот претседател Трамп. Животното избрало да го проба оброкот кој го носи името на 78-годишниот републиканец

. Му Денг, чиј вид е загрозен, стана особено популарна во САД, до тој степен што комичарот Бовен Јанг ја имитираше во скеч на култната американска телевизиска програма „Saturday Night Live“, емитувана од NBC (NBS). Таа американска телевизиска мрежа ги објави резултатите од хумористичната анкета, но направи и дополнителна анкета за тоа кој би победил доколку кандидати на изборите бидат Му Денг, Камала Харис и Доналд Трамп.

Му Денг би победил со 93 отсто од гласовите, соопштено е. Според сериозните истражувања на јавното мислење, неизвесен е исходот од претседателските избори во САД.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Куче изгризало шестгодишно дете, со тешки повреди примено во болница
Следна Статија Ахмети: Ако ги загубам изборите, ќе си одам од политиката

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

„Ова е гасна комора“: воздухот отровен во Њу Делхи, училиштата затворени, граѓаните се гушат

Властите во главниот град на Индија наредија затворање на училиштата и градилиштата и забранија камионите што немаат потреба да не…

November 18, 2024
СВЕТ

Трудо: САД ги одложуваат новите царини за Канада за најмалку 30 дена

САД ќе ја одложат примената на новите царини за канадските производи најмалку 30 дена, соопшти денеска канадскиот премиер Џастин Трудо…

February 4, 2025
СВЕТ

Владимир Шклијаров, руската балетска ѕвезда почина на 39 години во неразјаснети околности

Познатиот руски балетан Владимир Шклијаров почина откако падна од петтиот кат од зграда. Тој имаше 39 години. Трагичната смрт на…

November 18, 2024
СВЕТ

Падна француската влада: премиерот даде оставка само неколку часа откако го именува својот кабинет

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка денес, само неколку часа откако го именуваше својот нов кабинет, бидејќи сојузниците и…

October 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?