Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Куче изгризало шестгодишно дете, со тешки повреди примено во болница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Куче изгризало шестгодишно дете, со тешки повреди примено во болница
ХРОНИКА

Куче изгризало шестгодишно дете, со тешки повреди примено во болница

Објавено November 5, 2024 19:20
Сподели
Сподели

Шетгодишно дете било изгризано од куче во Кавадарци. Оваа информација ја потврдиле за МИА од кавадаречката болница, од Обвинителството и од СВР Велес. Според докторот Благој Митев, началник на хирургија во болницата, детето има сериозни повреди што не се за потценување.

„Станува збор за дете на околу шест години. Каснувањето беше завчера попладне, јас бев на работа кога го донесоа детето. Имаше две рани на лицето, плус огреботини. Три рани на предниот дел од абдоменалниот ѕид, една од околу четири и две од по три сантиметри длабочина. На бутната регија, две поголеми рани. На потколеница, 3-4 рани и други повреди. Изготвивме медицински извештај. Детето требаше да биде хоспитализирано, но родителите одбија од лични причини. Рекоа дека редовно ќе го носат на преврски“, појасни докторот за МИА.

И МВР го има овој случај забележано во нивниот билтен.

„На 4.11.2024 во 09.25 часот во ОВР Кавадарци, Џ.М.(23) од село Ваташа, кавадаречко, пријавила дека на 3.11.2024 на улицата Крсте Мисирков во Кавадарци, додека се шетала со нејзиниот шестгодишен син, детето било каснато од куче, кое е сопственост на 51-годишната М.И. од Кавадарци. Кучето било оттргнато од случајни минувачи. Малолетникот бил пренесен во Општа болница Кавадарци, каде му биле констатирани тешки телесни повреди“, велат од СВР Велес.

Од Обвинителството велат МВР целосно го документира случајот и притоа се обезбедуваат докази во врска со чувањето на кучето како и обезбедување на соодветна документација.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Трамп гласаше: Слушам дека ни оди многу добро
Следна Статија ТРАМП ИЛИ ХАРИС? Нилски коњ од зоолошка градина во Тајланд го предвиде победникот на изборите во САД (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Со закани одзеле пари од малолетници, приведени три лица во Скопје

На 16.04.2025 околу 23.30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од…

April 17, 2025
ХРОНИКА

Судскиот совет веќе ги разгледува списите од претходните случаи на обвинетиот Васил Јованов, вели Камбовски

По изнесените забелешки во јавноста во врска со претходните судски случаи на обвинетиот за сообраќајката на „Партизанска“ Васил Јованов, каде…

February 5, 2025
ХРОНИКА

Двајца осомничени, пренесувале амфетамин од Скопје до Гевгелија

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека во…

March 23, 2025
ХРОНИКА

Поранешната девојка со тажна објава се прости со прерано починатиот Душко Чифлиганец

Поранешната девојка на младиот бизнисмен Душко Чифлиганец, Ева Заева сподели емотивна објава на Инстаграм откако тој подлегна на повредите по мото трката…

August 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?