Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дирекцијата за заштита и спасување без план во случаи на поплава или земјотрес, а во случај на пожар има само еден активен пилот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Дирекцијата за заштита и спасување без план во случаи на поплава или земјотрес, а во случај на пожар има само еден активен пилот
МАКЕДОНИЈА

Дирекцијата за заштита и спасување без план во случаи на поплава или земјотрес, а во случај на пожар има само еден активен пилот

Објавено January 15, 2025 18:40
Сподели
Сподели

Дирекцијата за заштита и спасување, тешко ќе се справи со последиците при земјотрес, поплава или пожари. Ова е заклучокот од извештајот на Државниот завод за ревизија.

Најголем проблем бил немањето Национална стратегија за заштита и спасување.

„Ваквата состојба создава ризик од некоординирани активности на локално, национално, регионално и неѓународно ниво при справувањето со опасностите од природни непогоди и влијае врз целокупниот систем на заштита и спасување во државата“, наведува Државниот завод за ревизија.

Првиот човек на Дирекцијата уверува дека наскоро ќе биде донесена стратегијата.

Ревизијата открила пропусти во управувањето со засолништата. Поголем дел биле нефункционални.

Дел од опремата иако нова, не се употребува. 80 боци со кислород и рачни термални камери за пожарникарите цела година стоеле во магацин.

„ДЗС нема донесено пишани критериуми за утврдување на потребите и приоритетите за набавка на противпожарна опрема и средства за гасење на пожари за протипожарните единици“, се вели во извештајот на Државниот завод за ревизија.

Директорот Селами во меѓувреме самоиницијативно и без одлука почнал да ја распределува опремата.

Заводот за ревизија како проблем го посочува и недостигот на пилоти за трите авиони кои гасат шумски пожари. Од Дирекцијата пак велат дека веќе побарале зголемување на платите за пилоти со што очекуваат поголем интерес за тие работни места.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вевчанци: ДУИ со мувата на капата
Следна Статија Конечно: Израел и Хамас постигнаа договор за прекин на огнот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Објавен јавен оглас за избор на кандидати за судија на Македонија во Европскиот суд за човекови права

Во Службен весник денеска е објавен оглас за избор на кандидати од Република Македонија за судија во Европскиот суд за…

April 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Личната карта и возачката ќе бидат достапни на мобилен телефон

Со супер апликацијата за мобилни услуги ЕЛИ се движиме кон револуционерна демократизација на јавните услуги, вели заменик министерот за дигитална…

October 31, 2024
МАКЕДОНИЈА

БИДИ ПОЛИЦАЕЦ: Во тек оглас за прием на 150 нови полициски службеници

Министерството за внатрешни работи распишува конкурс за прием на униформирани полициски службеници, кој ви го пренесуваме во целост: Биди полицаец.…

July 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Не бил само еден патник во возот Скопје-Куманово (ВИДЕО)

Kако одговор на тврдењаta дека немало интрес за патување со воз на релација Скопје -Куманово и дека на оваа линија…

February 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?