Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се огласи Трамп по постигнувањето договор за прекин на огнот во Појасот Газа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Се огласи Трамп по постигнувањето договор за прекин на огнот во Појасот Газа
СВЕТ

Се огласи Трамп по постигнувањето договор за прекин на огнот во Појасот Газа

Објавено January 15, 2025 19:40
Сподели
Сподели

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп штотуку напиша на платформата Truth Social: „Имаме договор за заложниците на Блискиот Исток. Наскоро ќе бидат ослободени. Ви благодариме!“

Канцеларијата за медиуми на Хамас во Газа им порача на жителите на енклавата да не се движат до официјалниот почеток на прекинот на огнот. Канцеларијата за печат ги повикува граѓаните „да не се движат пред официјалниот почеток на прекинот на огнот и информациите за времето на отпочнување на примирјето да ги добиваат исклучиво од официјални извори“, се наведува во соопштението.

Израелската влада утре ќе гласа за договорот за прекин на огнот во Газа, изјави владин претставник за Ројтерс. Секој договор сè уште треба да биде одобрен од кабинетот на Бенјамин Нетанјаху, но се очекува да стапи на сила во наредните денови.

Тројца американски официјални лица и еден претставник на Хамас потврдија за Асошиетед прес дека е постигнат договор за прекин на огнот. Висок израелски функционер рече дека деталите се уште се финализираат, според АП.

Американскиот претседател Џо Бајден се подготвува да ѝ се обрати на јавноста за договорот, рекоа официјални лица. Според АП, договорот вклучува постепено ослободување на десетици заложници кои ги држеше Хамас, ослободување на стотици палестински затвореници во Израел и враќање на стотици илјади раселени луѓе во Газа во нивните домови. Договорот предвидува и испорака на многу потребна хуманитарна помош на опустошената палестинска територија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Првиот блок од РЕК Битола е привремено исклучен од електроенергетската мрежа
Следна Статија (ФОТО) Зошто Лука Бојовиќ се крие со качкет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Синот на норвешката принцеза осомничен за три силувања и повеќе од 10 кривични дела

Норвешката полиција во петокот објави дека 28-годишниот син на норвешката крунска принцеза е осомничен за три силувања и повеќе од…

June 27, 2025
СВЕТ

Белата куќа: Трамп целосно ја поддржува офанзивата на Израел во Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп „целосно ги поддржува Израел и израелската војска и акциите преземени во последните денови во Појасот Газа“,…

March 20, 2025
СВЕТ

Бура Дара: Силни ветрови од 113 км/ч низ Велика Британија

Британската Национална метеоролошка служба издаде предупредување за силни ветрови што ја погодија земјата по бурата Дара. Во најголемиот дел од…

December 8, 2024
СВЕТ

САД почнаа да ги наплаќаат новите царини на Трамп од 10%

Американските царински службеници почнаа да ја наплаќаат едностраната царина од 10 отсто на претседателот Доналд Трамп за сите увозни производи…

April 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?