Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Близначињата што починаа биле премрзнати, велат од прилепската болница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Близначињата што починаа биле премрзнати, велат од прилепската болница
ХРОНИКА

Близначињата што починаа биле премрзнати, велат од прилепската болница

Објавено January 17, 2025 14:33
Сподели
Сподели

Близначињата новороденчиња што починаа вчера во Прилепско биле премрзнати, се вели во соопштението од прилепската Oпшта болница со проширена дејност „Борка Талески“.

Според нив, вчера во 10:45 часот на Одделот за детски болести било донесено женското новороденче кое како резултат на премрзнување било во тешка здравствена состојба.

Откако било примено, се додава во соопштението, веднаш била преземена интензивна медицинска интервенција. Бебето било реанимирано и интубирано, поставено во топли ќебиња, а и дополнително се затоплувало. Но, и покрај тоа, додаваат од болницата, состојбата на бебето продолжила да се влошува, а во 13 часот била констатирана смртта.

За машкото новороденче, од прилепската болница велат дека од истите причини – премрзнување, било починато во домот на семејството.

Близначињата, како недоносени, биле родени спонтано на 30 декември 2024 година, во 34-та гестациска недела. Првото новороденче, машко, било со родилна тежина од 1 970 грама, а второто, женско, со тежина од 1 780 грама.

Новороденчињата биле испишани од болницата на 10 јануари на барање и со потпис на мајката.

Мајката била родена во 2001 година и ова било нејзина четврта бременост.

Претходно денеска јавниот обвинител Стевчо Биноски од Основното јавно обвинителство Прилеп, рече дека наредил обдукција за новороденчињата кои кога починале биле во тешка здравствена состојба.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски најави деветта авиолинија, очекува и рекорден број странски инвестиции
Следна Статија Рокас: Има голем интерес и благонаклонетост кон Македонија да се отвори поглавјето за преговорите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Го лажела дека е бремена- Косовец ѝ префрлил 18.000 евра на жена од Тетово

38-годишен маж од Косово пријавил во полиција во Тетово дека бил измамен од жена со иницијали Е.Р., која го довела…

May 4, 2026
ХРОНИКА

Му се заканиле дека ако не им даде 40.000 евра ќе го убијат, уапсени двајца Турци за изнуда ФОТО

На 29.09.2025 во 18:40 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал и Единицата…

September 30, 2025
ХРОНИКА

Таткото на Васил не признава вина, таткото на Фросина отстранет од судница – тензии на денешното судење

Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, денеска пред Основниот кривичен суд во Скопје изјави дека не се чувствува виновен и…

September 3, 2025
ХРОНИКА

Oдбраната на обвинетите бара реконструкција на убиствата на Вања и Панче или предметот да се врати во фаза на истрага

Бранителите на обвинетите за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски сметаат дека е непходно реконтрукција на двете убиства или…

April 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?