Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Цените на нафтата близу 81 долар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Цените на нафтата близу 81 долар
Blog

Цените на нафтата близу 81 долар

Објавено January 17, 2025 21:00
Сподели
Сподели

Цените на нафтата се задржаа на меѓународните пазари во петокот на нивото близу 81 долар, додека трговците шпекулираа пред инаугурацијата за можните реакции на новиот претседател Доналд Трамп на новите американски санкции за рускиот енергетски сектор.

На лондонскиот пазар цената на барелот попладнето беше за 33 центи пониска од вчерашното затворање на тргувањето и изнесуваше 80,96 долари. На американскиот пазар со барелот се тргуваше по 22 центи пониска цена, по 78,46 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) засебно објави дека барелот од кошничката нафта на нејзините членки во четвртокот поскапе за 1,49 долари, на 83,15 долари.

Трговците оваа седмица беа преокупирани со новите американски санкции за рускиот нафтен сектор. Пред една седмица Вашингтон воведе санкции за „Газпромњефт“ и „Сургутњефтегаз“, а на листата додаде и 183 танкери, осигурителни компании, транспортери и трговци со руска нафта. Санкциите ги зголемија трошоците за транспортот на нафта со супертанкерите, а скокнаа и цените на дизелот.

Кон крајот на седмицата вниманието се насочи кон политиката и инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп. Кандидатот на Трамп за министер за финансии Скот Бесент во четвртокот рече дека е подготвен, „ако претседателот Трамп го побара тоа, како дел од стратегијата за ставање крај на војната во Украина, да ги подигне санкциите на ниво што ќе ја доведе Руската Федерација на преговарачката маса“ .

Кандидатот за државен секретар Марко Рубио во Сенатот посочи дека би можеле да размислат и за ублажување на санкциите кои, според неговите зборови, му обезбедуваат на Вашингтон „влијание“ врз Русија. Затоа и „санкциите и олеснувањата“ ќе бидат дел од дискусијата за подготовка на теренот за „решение“ на војната во Украина, ги цитира лондонски The Guardian неговите изјави од средата.

„Изјавите на Бесент и Рубио сигнализираат за можни нови санкции кои би ги погодиле производителите на нафта, но пазарните инвеститори допрва ќе ја чекаат одлуката на новиот американски претседател“, оценуваат аналитичарите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија РФМ ќе поднесе жалба за ужасното судење на мечот со Холандија!
Следна Статија Почина Џоан Плорајт, една од најценетите британски актерки

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Оксфорд е прогласен за најдобар универзитет во светот, рекордна деветта година по ред

Универзитетот Оксфорд повторно се најде на врвот на рангирањето на светските универзитети на Тајмс за високо образование во најголемата и…

October 9, 2024
Blog

Цената на златото урива рекорди

Цената на златото денеска за првпат на светските пазари надминаа 3.200 долари, додека инвеститорите бараат безбедно засолниште за својот капитал…

April 12, 2025
Blog

Trump’s campaign against ‘left-wing’ media finds a new target: Apple News – The Washington Post

Federal Trade Commission Chairman Andrew Ferguson wrote a letter to Apple that warned the company its choice of articles in…

February 14, 2026
Blog

(ФОТО) Трогателно сведоштво за штетата на едно семејство од пожарот во Раштак: „Печат очите, пече грлото од пожарот, ама најмногу пече душата…“

Утрово Емилија Мицкоски сподели трогателен статус за тоа што се изгубиле во пожарот кој го зафати селото Раштак. За фотографиите…

September 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?