Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Хрватскиот вицепремиер кој пукаше од возило поднесе оставка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Хрватскиот вицепремиер кој пукаше од возило поднесе оставка
БАЛКАН

Хрватскиот вицепремиер кој пукаше од возило поднесе оставка

Објавено January 18, 2025 09:57
Сподели
Сподели

Вицепремиерот и министер за земјоделство на Хрватска Јосип Дабро синоќа поднесе оставка откако во јавноста протече видео на кое се гледа како тој преку отворен прозорец пука од пиштол ХС-2000 додека се вози во приватен автомобил.

Оставката, како што објави на својот Фејсбук профил, ја поднесува од морални причини.

На снимката што ја објави Јутрањи лист се гледа како Дабро се вози на совозачкото седиште во автомобил облечен лежерно, во шорцеви и маица, и пука од пиштол во близина на населено место. На снимката, Дабро најпрво го репетира пиштолот и вели: „Само за мојот брат Марио“. Потоа испукува 15 истрели од пиштол низ прозорецот. Кон крајот на снимката, Дабро го става пиштолот во кабината кај совозачкото седиште каде седи и вели: „Поздрав брате Марио, добра ноќ“.

По објавувањето на видеото, Дабро ја потврди неговата автентичност, но тврдеше дека не пукал со вистински куршуми туку со маневарска муниција.

Хрватската Влада го оцени „ваквото однесување и употреба на огнено оружје како несоодветно и неодговорно“, иако посочуваат дека снимката била направена пред Дабро да стане министер.

Хрватската полиција и обвинителството започнале истрага и утврдуваат дали Дабро сторил кривично дело – загрозување на животот и имотот со општо опасно дело или средство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јагуриновски: Oдиме со сите сили на победа против Гвинеја
Следна Статија Мицкоски заминува во САД, ќе присуствува на инаугурацијата на Доналд Трамп

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Хрват ги презема претседателските должности на Додик

Потпретседателот на Република Српска, Давор Прањиќ (ХДЗ), кој е Хрват, ги презеде претседателските должности наместо неформалниот лидер на тој ентитет,…

September 20, 2025
БАЛКАН

(ВИДЕО) Ограбувач на банка во Сплит убиен од полицајка

Млад човек загина во престрелка со полицијата што се случи околу пладне на улицата Гундулиќева во Сплит пред Ерсте банка,…

March 28, 2025
БАЛКАН

По 14 денови прекината блокадата на РТС

По 14 денови блокада на јавниот српски информативен сервис, попладнево студентите во блокада од белградскиот Факултет за драмски уметности на…

April 28, 2025
БАЛКАН

„Диела“ сепак нема да биде дел од албанската влада

Албанскиот претседател Бајрам Бегај потпиша уредби за 16 од вкупно 17 министри во новата влада „Рама 4“, по предлогот на…

September 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?