Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Израелската влада го одобри договорот со Хамас за прекин на огнот и размена на заложници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Израелската влада го одобри договорот со Хамас за прекин на огнот и размена на заложници
СВЕТ

Израелската влада го одобри договорот со Хамас за прекин на огнот и размена на заложници

Објавено January 18, 2025 11:10
Сподели
Сподели

Коалициската влада на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа по полноќ го одобри договорот за прекин на огнот со Хамас и ослободување на заложниците држени во Појасот Газа во замена за палестинските затвореници, откако претходно беше одобрен и од безбедносниот кабинет.

  • Владата го одобри планот за ослободување на заложниците. Планот ќе стапи во сила во недела, 19 јануари 2025 година, се вели во соопштението од кабинетот на премиерот Нетанјаху.

Советот на министри го одобри планот и покрај противењето на екстремно десничарските министри.

Хамас веќе објави дека ги прифатил условите од договорот и се обврзува да ги почитува.

Според договореното, прекинот на огнот треба да започне утре.

Договорот во три фази предидува првичична шестнеделна пауза на борбите што го опустошија Појасот Газа во изминатите 15 месеци и, според здравствените власти на Хамас, загинаа повеќе од 46.000 луѓе на палестинска територија.

Во текот на оваа прва фаза, Хамас треба да ослободи 33 заложници кои ги држат милитантите во Газа, а Израел треба да ги ослободи палестинските затвореници кои се држат во неговите затвори.

Во недела се очекува да бидат ослободени првите заложници.

Договорот беше постигнат по неколкумесечни индиректни преговори со посредство на Катар и САД.

Војната во Газа започна на 7 октомври 2023 година, кога припадници на Хамас упаднаа во Израел и убија околу 1.200 луѓе.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Денеска е Водокрст – строг пост, а треба да ги направите и овие обичаи
Следна Статија Нема утврдено пропусти при лекувањето на детето од Свети Николе, кое почина на Детска клиника

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

ЕУ подготвува жесток одговор на царините на Трамп: на удар познати американски производи

Европската унија планира силен одговор на глобалните царини на Трамп од 25 отсто за челик и алуминиум, пишува Политико, повикувајќи…

March 12, 2025
СВЕТ

Австралија: Ќе ги забраниме социјалните мрежи за помлади од 16 години

Австралискиот премиер Ентони Албанес изјави дека неговата влада ќе донесе законска забрана за социјалните мрежи за деца под 16 години,…

November 7, 2024
СВЕТ

Тинејџери се погубени во Северна Кореја затоа што гледале „Сквид гејм“?

Шокантни репресивни практики се откриваат во Северна Кореја, каде што тинејџери и возрасни наводно се јавно погубени, испратени во логори…

February 5, 2026
СВЕТ

(ВИДЕО) Се урна мост во Белгија: Има загинати и повредени

Едно лице загина, а две се повредени при уривање на мост на автопат во близина на градот Ла Лувиер, на…

March 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?