Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нема утврдено пропусти при лекувањето на детето од Свети Николе, кое почина на Детска клиника
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Нема утврдено пропусти при лекувањето на детето од Свети Николе, кое почина на Детска клиника
ЗДРАВЈЕ

Нема утврдено пропусти при лекувањето на детето од Свети Николе, кое почина на Детска клиника

Објавено January 18, 2025 11:53
Сподели
Сподели

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) изврши вонредни инспекциски надзори во врска со починатото дете Н.А. од село Пеширово, Општина Свети Николе. Инспекцискиот надзор за смртта на деветгодишното дете е извршен почнувајќи од матичниот лекар во Свети Николе, потоа во Клиничка болница-Штип и во Клиниката за детски болести во Скопје, каде што и почина. Според инспекцискиот надзор, нема констатирано недостатоци трите институции. Инспекторите по надзорот утврдиле дека деветгодишното дете Н.А. со матичен доктор било прикрепено во ПЗУ Д-р Оливер, Свети Николе. Во ординацијата годинава прв пат се јавува на 14.01.2025 година заради болки во стомакот и повраќање, кашлање, висока температура (39 степени) и неспиење претдходниот ден.

-При преглед детето било поспано, афебрилно, без убедливи знаци за дехидратација. Направени му се лабораториски испитувања по што дадена му е инфузиона терапија во тек на која кај детето настапува сомнолентност со слаба реакција на говор заради што е упатено во ЈЗУ Клиничка болница Штип, се вели во соопштението од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Според извешатјот на ДСЗИ, во штипската Клиничка болница детето е донесено со такси возило, примено е попладнето околу 18 часот, прегледано е од дежурниот доктор при што е поставена дијагноза сомноленција.

МИА и претходно информираше дека во Клиничка болница-Штип, повторно му се извршени лабораториски испитувања и дополнително КТМ на глава. Заради општата лоша здравствена состојба како и наодите од лабораториските испитувања и КТМ, детето во придружба на медицинска екипа (доктор, сестра) со болничко возило транспортирано е во Клиниката за детски болести во Скопје.

Во ЈЗУ Универзитетска Клиника за детски болести-Скопје , детето Н.А. е донесено на 14.01.2025 година во 20:25 часот како итен случај со дијагноза сомноленција по претходна најава и договор за прием со дежурен доктор од Одделот за неврологија на Клиниката. На прием детето е во општа тешка состојба поради што веднаш е започната со рехидратација и корекции на биохемиски параметри. Во 22:25 часа има дополнително влошување со респираторен и кардиак аррест, започната е реанимација во тек на која е симнато на ОИНТ за понатамошен третман. Состојбата на детето и понатаму се влошува и покрај сите пропратни интервенции, реанимацијата не е прифатена и во 23.30 часот настапува егзитус, се вели во извешатјот на ДСЗИ.

Од извршените вонредни инспекциски надзори во наведените здравствени установи каде починатото деветгодишно дете било лекувано, Државниот санитарен и здравствен инспекторат согласно своите надлежности не констатираше недостатоци.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Израелската влада го одобри договорот со Хамас за прекин на огнот и размена на заложници
Следна Статија Во САД убиен 17- годишен кошаркар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Без положен испит со години вработувани административци во ИЈЗ

Извештајот на Државниот управен инспекторат треба да ги потврди или отфрли сомнежите дали во Институтот за јавно здравје со години…

January 15, 2025
ЗДРАВЈЕ

Три намирници го зголемуваат нивото на кортизол во крвта

Кортизолот, често познат како „хормон на стрес“, игра клучна улога во одговорот на телото на стрес. Кога сме под стрес,…

January 14, 2025
ЗДРАВЈЕ

Студент од Јамајка измислил квака што се дезинфицира сама

Кога  јамајканскиот студент Рејвон Стјуарт смислил функционален модел на квака што се дезинфицира сама по секој допир, неговиот изум бил…

August 14, 2025
ЗДРАВЈЕ

Клиниката за нефрологија е одобрена како еден од хостинг центрите за Интернационалната обука по интервенциска нефрологија

Универзитетската клиника за нефрологија – Скопје доби големо признание за својата работа и ангажман на докторите кои се вработени на…

June 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?