Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Израелската влада го одобри договорот со Хамас за прекин на огнот и размена на заложници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Израелската влада го одобри договорот со Хамас за прекин на огнот и размена на заложници
СВЕТ

Израелската влада го одобри договорот со Хамас за прекин на огнот и размена на заложници

Објавено January 18, 2025 11:10
Сподели
Сподели

Коалициската влада на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа по полноќ го одобри договорот за прекин на огнот со Хамас и ослободување на заложниците држени во Појасот Газа во замена за палестинските затвореници, откако претходно беше одобрен и од безбедносниот кабинет.

  • Владата го одобри планот за ослободување на заложниците. Планот ќе стапи во сила во недела, 19 јануари 2025 година, се вели во соопштението од кабинетот на премиерот Нетанјаху.

Советот на министри го одобри планот и покрај противењето на екстремно десничарските министри.

Хамас веќе објави дека ги прифатил условите од договорот и се обврзува да ги почитува.

Според договореното, прекинот на огнот треба да започне утре.

Договорот во три фази предидува првичична шестнеделна пауза на борбите што го опустошија Појасот Газа во изминатите 15 месеци и, според здравствените власти на Хамас, загинаа повеќе од 46.000 луѓе на палестинска територија.

Во текот на оваа прва фаза, Хамас треба да ослободи 33 заложници кои ги држат милитантите во Газа, а Израел треба да ги ослободи палестинските затвореници кои се држат во неговите затвори.

Во недела се очекува да бидат ослободени првите заложници.

Договорот беше постигнат по неколкумесечни индиректни преговори со посредство на Катар и САД.

Војната во Газа започна на 7 октомври 2023 година, кога припадници на Хамас упаднаа во Израел и убија околу 1.200 луѓе.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Денеска е Водокрст – строг пост, а треба да ги направите и овие обичаи
Следна Статија Нема утврдено пропусти при лекувањето на детето од Свети Николе, кое почина на Детска клиника

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Уапсен е убиецот на Чарли Кирк, се надевам дека тој ќе добие смртна казна, рече Трамп (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека убиецот на Чарли Кирк е уапсен и дека еден свештеник помогнал во неговото апсење.…

September 12, 2025
СВЕТ

(ФОТО) Снимка од генијот Стивен Хокинг од Девствените острови се најде во документите на Епштајн

На сликата, Хокинг се одмара на лежалка покрај две жени во бикини. Познатиот научник, кој страдал од екстремно прогресивна невромоторна болест -…

February 25, 2026
СВЕТ

Дали најблискиот соработник на Франциск ќе стане нов папа?

Италијанецот Пјетро Паролин и Филипинецот Луис Антонио Тагле, се  најсериозните кандидати за следен поглавар на Римокатоличката црква пред почетокот на конклавата во среда,…

May 7, 2025
СВЕТ

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

Претседателот на Франција Емануел Макрон повторно го назначи Себастијан Лекорну за премиер и го задолжи да формира нова влада, соопшти…

October 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?