Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Полициски службеник „падна“ за 50 евра поткуп
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Полициски службеник „падна“ за 50 евра поткуп
ХРОНИКА

Полициски службеник „падна“ за 50 евра поткуп

Објавено January 18, 2025 16:40
Сподели
Сподели

Под раководство на надлежен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а по претходно обезбедена наредба од судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје за претрес на службени простории и лице, вчера единиците на МВР приведоа полициски службеник осомничен дека примил поткуп.

При претресот е пронајдена – кримтехнички обработена банкнота од 50 евра, како и други парични средства и документација од други лица.

Осомничениот, вработен во Отсек за странци и реадмисија, на 16.1.2025 година во службените простории ја повикал оштетената која ја изгубила патната исправа и требало да извади нова. Притоа без да изврши проверки за претходно изгубениот пријавен пасош и да ги запази работните процедури ѝ дал уплатница за да уплати за издавање на нов. Откако го уплатила износот, оштетената се вратила во просториите на Одделот за управни работи и на осомничениот му ја предала уплатницата прашувајќи го за временскиот рок на постапката за издавање. Осомничениот одговорил дека се чека од 6-12 месеци, на што оштетената негодувала, а осомничениот со гестикулации протривајќи ги прстите ѝ покажал дека треба да плати 50 евра за услугата велејќи „знаете дека ние не се трудиме џабе”. Оштетената кажала дека нема пари во себе и ако не е проблем да ја почека да земе, а ако не стаса во текот на денот, да му ги предаде наредниот ден, на што осомничениот се согласил и рекол дека ќе ја чека за да ја заврши работата.

По излегување од зградата, оштетената свесна дека тоа што осомничениот ѝ побарал пари без да ги уплати на сметка за побрзо да ја добие патната исправа е кривично дело, случајот го пријавила во полициска станица. Во текот на вчерашниот ден му ја предала кримтехнички обработената банкнота на осомничениот која беше пронајдена при претресот.

Предметниот јавен обвинител донесе наредба за спроведување на истражна постапка против осомничениот, а на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му предложи со решение на осомничениот да му изрече мерка притвор во траење од 30 дена.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсен е Раде Трајковски Штекли
Следна Статија Сиљановска-Давкова: Членството во ЕУ беше и останува врвен македонски државен интерес и приоритет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Глумел полицаец со значката на татко му, пцуел возач, па го повредил со нож

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 20-годишник осомничен за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во…

March 23, 2025
ХРОНИКА

Криминал тежок над 7 милиони евра: Финансиска утрово врши претреси на неколку локации во Македонија

Во раните утрински часови екипи од Управата за финансиска полиција упаднале на неколку локации во општина Липково, Куманово и Желино,…

August 25, 2025
ХРОНИКА

Насилникот од Радовиш испратен на психијатриско лекување во Негорци

Од СВР Струмица информираат дека насилникот од Радовиш кој во живо на Тик Ток, беше фатен како тепа женско лице…

March 29, 2025
ХРОНИКА

Пијан насилник крвнички ја претепал својата сопруга со чадор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице кое е осомничено за нанесување телесна повреда согласно член 130 став…

June 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?