Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уапсен е Раде Трајковски Штекли
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Уапсен е Раде Трајковски Штекли
ХРОНИКА

Уапсен е Раде Трајковски Штекли

Објавено January 18, 2025 16:25
Сподели
Сподели

Македонската полиција денеска (сабота 18 јануари) во попладневните часови во близина на хотел во околината на Гевгелија го уапси наркобосот Раде Трајковски-Штекли. Уапсен е при обид за бегство.

Тој се сомничи за трговија на дрога. Тој предводел група од над десетина члена кои се занимавале со продажба на наркотични средства. МВР и Бирото за јавна безбедност се во потрага и апсење на целата негова група. Оваа акција на МВР уследува по сузбивањето на арачиновската група Беланоца.

Штекли е познат по пресметките со нарко картелите и се поврзува со низа кривични дела. Тој во август и во октомври 2023 година избегна два обиди за убиство на иста локација – во Ист Гејт Мол во Скопје. 

Долго време не беше точно позната локацијата на Штекли. На 10 декември минатата година на социјалните мрежи Штекли објави фотографија од богата трпеза за која тврди дека е во Белград. Тогаш се шпекулираше дека тој се наоѓа на краток престој во Србија.

Лани на 14 ноември во дворот на куќата на Шеткли во скопската населба Керамидница беше фрлена бомба. Штекли се здоби со повреди и беше итно пренесен во Градската болница „Св. Наум Охридски“. Снимка од детонацијата се појави на социјалните мрежи. Се претпоставува дека направата била активирана со далечински управувач.

Во декември 2023 година обвинителство покрена истрага за автосалонт од Кочани и 18 лица кои криумчареле крадени луксузни возила. Меѓу нив беше и сопругата на Шеткли, српска државјанка со престој во Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Се урна жичарница на ски патека во Шпанија- најмалку 30 тешко повредени
Следна Статија Полициски службеник „падна“ за 50 евра поткуп

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Загина девојка: Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје – Тетово

На 06.06.2025 во СВР Скопје било пријавено дека во 16.20 часот на регионалниот пат Скопје-Тетово, патничко возило „бмв“ со скопски…

June 7, 2025
ХРОНИКА

Се заканувал дека ќе ја убие 4 годишната ќерка, му пречело што детето земало играчки – Поднесено обвинение за таткото од Драчево

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје целосно ја заврши постапката, ги прибра сите докази и до Основниот суд во…

June 26, 2025
ХРОНИКА

Две ипол годишно дете тешко повредено во сообраќајка помеѓу автомобил и четирицикл

Две ипол годишно дете кое се превезувало на четирицикл е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на…

July 25, 2025
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Тепачка во ОУ „Дитурија“ во Сарај: Шест ученици претепаа други двајца

Како што информираат од МВР, вчера (12.12.2025) во СВР Скопје било пријавено дека околу 12:00 часот, пред Основно училиште „Дитурија“…

December 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?