Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бог се јави- навистина се јави: Денеска е Богојавление-Водици
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Бог се јави- навистина се јави: Денеска е Богојавление-Водици
МАКЕДОНИЈА

Бог се јави- навистина се јави: Денеска е Богојавление-Водици

Објавено January 19, 2025 09:07
Сподели
Сподели

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.

И годинава ќе продолжи вековната традиција на положување на крстот во осветените води. Скопската православна епархија при МПЦ-ОА ќе го организира традиционалното осветување на водите на реката Вардар и чинот на положување на Чесниот крст.

Како што изјавија за МИА од Скопската православна епархија, годинава се пријавени над 220 граѓани, кои ќе се обидат да го фатат крстот што ќе се положи во реката Вардар.

Одбележувањето на празникот Богојавление ќе почне во 9 часот во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, каде што ќе чиноначалствува владиката Јосиф.

По завршување на литургијата, во 11:30 часот владиката Јосиф, заедно со свештенството во поворка ќе се упатат кон мостот „Слобода“ каде ќе започне „Водосветот“, а потоа ќе се положи крстот во реката Вардар.

Според верувањата, оној кој ќе го фати крстот, ќе го следи среќа и благослов цела година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот, водите стануваат лековити.

Во земјава, согласно Законот за празници, Богојавление-Водици е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) „Кабините одеа горе-долу, се нишаа“: скијачите паднаа од височина од 15 метри откако се расипа жичница во Шпанија, сведок опиша што се случило
Следна Статија Посебен сообраќаен режим во Скопје за Водици

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонија ќе биде максимално подготвена за најавениот протест на ДУИ за УЧК, порача премиерот Мицкоски

Македонија ќе биде максимално подготвена за најавениот протест на ДУИ кој треба да им даде поддршка на војниците на ОВК…

December 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес кај Демир Капија

Земјотрес со јачина од 2,1 степен според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во земјава. Според евиденцијата на Европскиот медитерански сеизмолошки…

October 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Од утре Скопје ќе има автобуски превоз

Советот на Градот Скопје одржува вонредна седница по кризата во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) кое од синоќа остана без нафта.…

November 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски и Стармер договорија стратешко партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство

Историски ден за Македонија! Денеска остварив средба со премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер. На средбата постигнавме согласност за договор…

May 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?