Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Колку е штетен пестицидот пронајден во македонската зелка?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Колку е штетен пестицидот пронајден во македонската зелка?
ЕКОНОМИЈА

Колку е штетен пестицидот пронајден во македонската зелка?

Објавено January 19, 2025 11:43
Сподели
Сподели

„Имидаклоприд“ кој го најдоа хрватските власти во македонската зелка е синтетички пестицид од класата на неоникотиноиди, познат по својата висока токсичност за инсектите. Ова соединение функционира како невротоксин, кој ја нарушува нервната активност на штетниците, но истовремено има значителни штетни ефекти врз животната средина, здравјето на луѓето и корисните инсекти, како што се пчелите.

Хрватските власти неодамна алармираа за присуство на „Имидаклоприд“ во свежа зелка со потекло од Северна Македонија. Иако пестицидот е забранет повеќе од пет години, лабораториските тестови потврдија негово присуство при контрола на граничен премин. Случајот повторно го отвора прашањето за безбедноста на храната и заштитата на здравјето на потрошувачите.

Овој пестицид е забранет во Европската унија поради неговите сериозни штетни ефекти врз здравјето, кои се временски кумулативни. Според научните истражувања, „Имидаклоприд“ предизвикува, штети врз срцето, мозокот, бубрезите и тироидната жлезда. Исто така невролошки и респираторни нарушувања при долготрајна изложеност, опасност за пчелите и другите корисни инсекти, што влијае на екосистемот.

АХВ потврди дека е известена преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна. Според информациите, Хрватска детектирала „Имидаклоприд“ во свежа зелка со потекло од Северна Македонија. Лабораториските тестови на граничниот премин го потврдиле присуството на овој забранет пестицид, а инспекциските служби на АХВ ќе спроведат истрага за поврзаноста помеѓу увозникот и производителот, а контаминираната зелка ќе биде уништена.

И покрај забраната, постојат сомнежи дека „Имидаклоприд“ е достапен на црниот пазар и се користи во одгледување на зеленчук за домашен пазар. Ова го отвора прашањето за строгата контрола на употребата на пестициди и заштитата на здравјето на граѓаните.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Божиновска: МЕПСО ќе биде под Министерството, ЕСМ останува под Влада
Следна Статија (ФОТО) Еве што пронајде полицијата кај Раде Трајковски -Штекли

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Горивата поевтинуваат, бензинот падна за 3 денари, дизелот останува со иста цена

Регулаторна комисија за енергетика ги намали цените на нафтените деривати во просек за 1,41 отсто, при што најголемо поевтинување има…

March 30, 2026
ЕКОНОМИЈА

Одредени ланци на супер маркети преку скриен маркетинг ги изигруваат законите, тоа нема да толерираме, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека нема да толерираат дивеење од страна на одредени ланци на супер маркети, коишто, како…

August 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски за нова инвестиција: Koмпанијата „Џаво Отмотив“ во Тетово ќе произведува автомобилски компоненти за познати светски брендови

Компанијата Џаво Отмотив e глобален производител за автомобилската индустрија со повеќе од 40 години искуство, ќе инвестира околу 20 милиони…

June 16, 2026
ЕКОНОМИЈА

Народна банка: Економскиот раст 2,3 отсто, инфлацијата 3,5 проценти

Забавување на инфлацијата и послаб раст на домашната економија за оваа и за следната година во споредба со априлските согледувања,…

November 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?