Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ФОТО) Еве што пронајде полицијата кај Раде Трајковски -Штекли
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > (ФОТО) Еве што пронајде полицијата кај Раде Трајковски -Штекли
ХРОНИКА

(ФОТО) Еве што пронајде полицијата кај Раде Трајковски -Штекли

Објавено January 19, 2025 14:40
Сподели
Сподели

Како што е познато, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупцијата (ОЈО ГОКК) потврди дека Раде Трајковски – Штекли се лишени од слобода како и повеќе лица кои се дел од криминална група што се занимава со продажба на дрога.

Вчера попладнето на повеќе локации се вршеа претреси.

„По наредба на обвинител од ОЈО ГОКК во моментов се вршат претреси на повеќе локации. Има повеќе лица кои се лишени од слобода. Може да потврдиме дека станува збор за криминална група што се занимава со продажба на дрога“,се вели во информацијата од ОЈО ГОКК.

Повеќе информации од ОЈО ГОКК најавија дека ќе има во текот на денешниот ден.

Оваа информација доаѓа откако претходно од Министерството за внатрешни работи потврдија дека е уапсен Раде Трајковски-Штекли кој е осомничен за трговија на дрога и тој наводно предводел група од над десет члена кои се занимавале со продажба на наркотични средства.

Како што е познато, апсењето на Трајковски-Штекли е дел од пошироката операција на МВР, која во изминатиот период резултираше со уапсени десетици членови на криминални мрежи, вклучително припадници на Беланоца, поврзани со повеќе убиства и трговија со дрога.

Полицијата истражува наводи за вмешаност на висок полициски функционер во соработка со скопските наркокланови.

По апсењето на Раде Трајковски-Штекли, кој е осомничен за раководење со мрежа за трговија со дрога, се појави информација дека полицијата одзела мобилен телефон од висок полициски службеник.

Се претпоставува дека телефонот би можел да содржи докази за протекување информации кон криминалните групи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Колку е штетен пестицидот пронајден во македонската зелка?
Следна Статија 22-годишник од Битолско се пријавил во полиција дека прегазил малолетник

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Загина 20-годишен мотоциклист од кумановско

Дваесетгодишен мотоциклист од кумановско починал, откако удрил во бетонски столб во атар на село Орашац кон патот Куманово-Свети Николе, соопшти…

June 4, 2025
ХРОНИКА

Обвинителството со детали: Мерки на претпазливост за возач кој дивеел во Чаир

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за – Тешки…

May 11, 2025
ХРОНИКА

Маж пронајден починат, познат неговиот идентитет

Вчера во СВР Струмица било пријавено дека во стан на ул. „Братство Единство“ во Струмица бил пронајден починат Д.Ј.(73) од…

February 15, 2025
ХРОНИКА

Жена го пријавила сопругот и неговите родители за насилство

На 10.01.2025 во 23.50 часот во СВР Скопје 24-годишна жена пријавила дека во скопско село била физички нападната од нејзиниот…

January 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?