Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Покрај Штекли, кривични за уште 13 лица од неговата нарко група
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Покрај Штекли, кривични за уште 13 лица од неговата нарко група
ХРОНИКА

Покрај Штекли, кривични за уште 13 лица од неговата нарко група

Објавено January 19, 2025 18:20
Сподели
Сподели

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за специјални полициски операции, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по повеќемесечно криминалистичко истражување, во текот на вчерашниот ден и денеска спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена 14-члена организирана криминална група составена од лица од Скопје.

Како што потенцира МВР, криминалната група подолг период вршела кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога. Основаните сомневања се дека организаторот на криминалната група преку нејзините припадници вршел дистрибуција и улична продажба на наркотична дрога директно до корисниците.

При реализацијата, постапувајќи по наредби за претреси во дом и други простории издадени од судија на претходна постапка, извршени се претреси кај 16 лица, на вкупно 21 локациja на подрачје на Скопје и Гевгелија. При претресите пронајдени и одземени се поголем број предмети за кои ќе биде извршено форензичко вештачење. Меѓу пронајдените и одземени предмети се и повеќе поголеми и помали пакувања со прашкаста материја. Во текот на денешниот ден ќе биде поднесена кривична пријава против 14 лица до надлежното Јавно обвинителство, а истите ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка. Имајќи предвид дека оперативно тактичките активности се уште траат во координација со надлежниот јавен обвинител, јавноста дополнително ќе биде известена со повеќе информации, велат од МВР.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Словачка се закани дека ќе излезе од НАТО и ЕУ, премиерот Фицо не ја исклучи таа можност
Следна Статија Небезбеден патот од Пантелејмон до средно Водно

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Од велосипед пукано кон момче на Бит пазар

Oд Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје е донесен…

September 15, 2025
ХРОНИКА

Жени се тепале во затвор, една е тешко повредена

На 24.02.2025 во 14:54 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека на 23.02.2025 околу 21:20…

February 25, 2025
ХРОНИКА

Гори Безистенот во Струга (ВИДЕО)

Гори Безистенот лоциран во центарот на Струга, во старото градско јадро. На терен се четири возила на Територијалната против пожарна…

November 6, 2024
ХРОНИКА

457 лица за 3 години загинале во сообраќајки во Македонија

Мерките и активностите на надлежните институции иако придонесуваат за подобрување на условите за управување со безбедноста во сообраќајот на патиштата,…

May 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?