Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кешишев полнел бензин во шише во близина на партијата “Десна” утрото пред грабнувањето на Вања
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кешишев полнел бензин во шише во близина на партијата “Десна” утрото пред грабнувањето на Вања
ХРОНИКА

Кешишев полнел бензин во шише во близина на партијата “Десна” утрото пред грабнувањето на Вања

Објавено January 20, 2025 12:45
Сподели
Сподели

Судот на денешното рочиште ги разгледуваше снимките кои треба да ја прикажат движечката патека на возилата користени во киднапирањето на Вања.

Првата снимка, која беше презентирана на CD, го покажува обвинетиот Влатко Кешишев како полни бензин во пластично шише на бензинска станица “Макпетрол” во близина на политичката партија “Десна”. Снимката е од 27 ноември 2023 година, денот на грабнувањето, и го прикажува Кешишев во црна јакна и капа во раните утрински часови, во 05:26 часот.

Второто CD содржи снимки од движењето на возилото “рено кангу” во Центар и Аеродром, при што се следи патеката на автомобилот кој се движел од пред седиштето на партијата “Десна” кон Автокоманда.

На судењето, обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски, изјавија дека не се чувствуваат виновни. Според обвинението, тие заедно испланирале киднапирање на Вања, со цел да присилат нејзин близок роднина да им даде пари за откуп, додека Панче Жежовски бил грабнат во Велес за да се присили да го даде своето возило “Цитроен”, кое било користено за грабнувањето на Вања во Скопје.

Вања и Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година. Судењето продолжува.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Милијардерите заминуваат во историјата, доаѓаат билијардерите
Следна Статија Биткоинот достигна рекордна вредност од над 109.000 долари пред инаугурацијата на Трамп

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Пронајдени три починати лица во Скопје на различни локации

Министерството за внатрешни работи во најновиот билтен информира за пронајдени три починати лица во изминатото деноноќие на три различни места.…

November 8, 2024
ХРОНИКА

Исчезна 18-годишна девојка од Скопје

На 22.02.2025 во 07.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, Р.Б.(41) од Скопје пријавил дека од семејниот дом се оддалечила…

February 23, 2025
ХРОНИКА

Пожарникарите се заглавиле во смола од стопен шекер: Еве што остана од фабриката Макпрогрес во Виница

Пожарот во фабриката Макрогрес е ставен под контрола. Пожарникари од околните градови пристигнаа на помош во Виница и огнената стихија…

September 7, 2025
ХРОНИКА

Оштетени се шест возила во Куманово на вчерашната прослава на Денот на албанското знаме

Шест возила биле оштетени за време на прославата во центарот на Куманово по повод Денот на албанското знаме, а едно лице…

November 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?