Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МВР со детали: Началник доби кривична пријава за загрозување на сигурноста
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > МВР со детали: Началник доби кривична пријава за загрозување на сигурноста
ХРОНИКА

МВР со детали: Началник доби кривична пријава за загрозување на сигурноста

Објавено January 20, 2025 19:09
Сподели
Сподели

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против С.Б. – началник во Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Југ, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 2 и „затајување“, казниво по член 239 став 3 од Кривичниот законик.

На 12.01.2025 во Кавадарци, пријавениот физички нападнал едно лице и со службен пиштол неколку пати го удрил по главата.

Исто така, на 13.01.2025, С.Б. противправно присвоил една рамка и пет куршуми и не ги вратил, а кои се сопственост на Министерството за внатрешни работи .

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против пријавениот ќе изрече задолжителна мерка за отстранување од работното место – суспензија до завршување на дисциплинската постапка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Време е за поднесување ДДВ-04 пријавите!
Следна Статија Безос, Закерберг, Пичаи, но и Ходорковски, учествуваа на инаугурацијата на Трамп

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

По кратко боледување попладнево во Скопје почина политичкиот аналитичар и екс портпарол на Влада, Агим Јонуз. По неколку дневна хоспитализација…

October 25, 2025
ХРОНИКА

Девојка загинала на скопска обиколница: Паднала од надвозникот и починала

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи од МВР синоќа извршиле увид на местото на…

January 2, 2025
ХРОНИКА

Запленети 780 килограми тутун во поголема акција во Битола и Ресен, три лица ќе одговараат кривично

Секторот за контрола и истраги при Царинска управа спроведе поголема акција во Битола и Ресен во која се запленети 780…

December 18, 2024
ХРОНИКА

Во тешка сообраќајка загина 32 годишник од Крушево

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи на патот меѓу Прилеп и Крушево, животот го загуби 32-годишник од Крушево, потврдија…

April 27, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?