Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Законот за заштита на децата се враќа во Собрание, ако се изгласа претседателката ќе мора да го потпише Указот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Законот за заштита на децата се враќа во Собрание, ако се изгласа претседателката ќе мора да го потпише Указот
МАКЕДОНИЈА

Законот за заштита на децата се враќа во Собрание, ако се изгласа претседателката ќе мора да го потпише Указот

Објавено January 21, 2025 09:19
Сподели
Сподели

Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата повторно се враќа во собраниска процедура во рамки на денешната 31.седница, откако претходно претседателката Гордана Сиљановска Давкова не го потпиша указот за прогласување на Законот.

Пратениците  го изгласаа овој Закон на 24 декември во рамки на 27-та пленарна седница, со обично и Бадинтерово мнозинство. Со непотпишувањето на Указот, законските измени се враќаат во Собранието, а доколку повторно бидат изгласани, претседателката ќе биде должна да го потпише Указот. 

Во  образложението на претседателката се наведува дека изгласаните измени на Законот содржат повеќе спорни одредби. Во образложението таа наведува дека спровела темелна анализа и експертски консултации по што бара преиспитување на одредбите од членовите 9 и 10 од Предлог-законот.

Верувам дека Собранието како носител на законодавната власт ќе ги има предвид моите забелешки и укажувања при повторното разгледување на одредбите од членот 9 и членот 10 од Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата, што го донесе на 24 декември 2024 година и ќе креира јасни, прецизни и недвосмислени решенија во согласност со Уставот, пишува во документот.

Во образложението, претседателката вели дека посочените членови од законот треба да се преиспитаат низ призма на амандманот 5 од Уставот и постоечкиот закон за употреба на јазиците.

Претседателката укажува и на одредбата од членот 182, став 5 од Законот за заштита на децата каде е регулиран начинот на добивање, продолжување и одземање лиценца за работа, формата и содржината на образецот за лиценца кои ги пропишува министерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Австрија прв противник на македонските ракометари во Главната рунда на СП 2025
Следна Статија Орбан му честиташе на Трамп: Сега е наш ред да го окупираме Брисел

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Штекли однесен на Неврологија

Судењето против Раде Трајковски-Штекли и уште девет лица обвинети за трговија со дрога, доцни поради негова хоспитализација. Трајковски бил пренесен…

July 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

На германски путер во КАМ стои дека сме Провинција Македонија

На залепената декларација на путерот што се продава во КАМ маркетите, а кој е од германско потекло, покрај на македонски,…

November 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Многу тежок ден во справување со пожарите, за дел има сомнение дека се подметнати

Многу тежок ден во справување со пожарите. Причина за ширење во најголема мера беа неповолни временски услови и силен ветер,…

July 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Трајко Вељаноски: Не вреди разговор за „црвени линии“ без одговорност за тие што го погазија македонскиот идентитет

на македонскиот идентитет и интереси со утврдени црвени линии во резолуција изгласана во македонското Собрание, сè додека првин нема одговорност…

September 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?