Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Томовски: Одговорно тврдам дека не постојат мои роднински врски со сопствениците на „Праеториан“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Томовски: Одговорно тврдам дека не постојат мои роднински врски со сопствениците на „Праеториан“
МАКЕДОНИЈА

Томовски: Одговорно тврдам дека не постојат мои роднински врски со сопствениците на „Праеториан“

Објавено January 21, 2025 16:52
Сподели
Сподели

Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) Ивица Томовски демантира дека има роднински врски со сопствениците на компанијата „Праеториан“, откако СДСМ обвини дека тендер вреден 3,5 милиони евра добила фирма во која роднина на директорот Томовски станува раководител на подружница од истата фирма во текот на самата тендерска постапка.

-Службата за општи и заеднички работи со компанијата „Праеториан“ склучи договор за „физичко, техничко и патролно обезбедување на објекти на државната управа“ во времетраење од три години во вредност од околу 3 милиони евра. На оваа јавна набавка конкурираа четири фирми, што не беше случај во изминатите шест години, кога само една фирма која конкурирала, секогаш го добивала тендерот на максималната вредност. Избраната компанија има доставено сериозно висока банкарска гаранција во висина од 20 милиони денари, наведува Томовски во објава на неговата Фејсбук страница.

За жал, додава тој, деновиве во јавноста се изнесуваат очигледни шпекулации во врска со набавката, за мои наводни фамилијарни врски со избраната компанија.

-Жалам што, наместо да се нагласи заштедата од 30 милиони денари за државниот буџет, што не било случај во минатото, јавноста се дефокусира со неосновани обвиненија адресирани на моја сметка. Одговорно тврдам дека во никаков облик не постојат мои роднински врски со сопствениците на избраната компанија, оценува Томовски.

Томовски наведува дека во неговото работење „секогаш се води според принципите на моралност, транспарентност и во интерес на Република Македонија и нејзините граѓани, посочувајќи дека ја разбира нелагодноста на оние кои со години биле научени за сметка на народот да печалат огромни суми на пари, без конкуренција и на однапред познати и договорени тендерски услови, но таа практика по смена на власта заврши“.

-Во однос на пишувањата и дел од прозивките за наводно наместениот тендер, сакам резолутно да ги отфрлам и демантирам ваквите наводи и да посочам на следните факти: Факт број еден. Тендерот за обезбедување кое го спроведе СОЗР вметна за главен услов најниска цена, и внесе обезбедување на конкуренција во наддавањето што придонесе за истата работа од претходно, сега да се постигне пониска цена за половина милион евра и исто толку пари на граѓаните се заштедија во државниот буџет. Факт број два. Добитникот на тендерот, компанијата „Праеториан“, на никаков начин не е поврзана со мене, ниту му припаѓа на некој мој роднина. Ова е чиста дезинформација и обид за манипулација на јавноста, наведува Томовски во објавата.

Додава дека извршиле процес на реформи во насока на зголемување на конкуренцијата што создава услови за намалување на трошоците за државата, што предизвика реакција од оние кои се навикнати на старите практики, во кои немаше конкуренција и тендерите беа наместени.

-Тие, очигледно, не се подготвени да прифатат дека новата власт работи во интерес на народот и во услови на транспарентност и отчетност. Оттаму, ја разбирам и загриженоста и нервозата на дел од конкуренциjата која деновиве ги пласираше шпекулациите упатени на моја сметка. Сакам на сите да им порачам дека очигледните фабрикувани наводи нема да ме спречат да продолжам со посветена работа за доброто на државата. Напротив, овие неосновани обвиненија ќе ми дадат дополнителна мотивација да продолжам функцијата да ја извршувам чесно, транспарентно, отчетно и законски во интерес на државата и граѓаните, додава Томовски.

Според него, „одредени политички структури во минатото ја цеделе оваа институција преку разни сомнителни набавки и многу фирми сакаат така да продолжи работата како што тоа го правеле со минатата Влада, навикнати на корупција и на функционери кои ги полнат џебовите на сметка на народот.

-Така не може и не смее и најостро ќе се спротивставам на тоа што се случувало, додава Томовски во објавата на Фејсбук.

СДСМ денеска на прес-конференција обелодени дека тендер вреден 3,5 милиони евра добила фирма во која роднина на директорот Томовски станува раководител на подружница од истата фирма во ек на самата тендерска постапка.

-СОЗР, орган во рамки на Владата склучила договор за обезбедување на државните објекти со компанијата „Праеториан ДООЕЛ“, вреден 3,5 милиони евра. Огласот за тендерот бил распишан на 10 октомври 2024 година и до тогаш, компанијата е во сопственост на Тадеуш Јарчев, а управител е Анета Јарчева. Но, само осум дена подоцна, во ек на огласот, односно на 18 октомври, Власе Танаскоски, роднина на Томовски, влегува во „Праеториан ДООЕЛ Скопје“, изјави на прес-коинференција Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Андоновски против забранување апликации како „Тикток“, но, опцијата „стои на располагање“
Следна Статија 11-годишниот ученик кој падна од највисокиот кат на училиштето во Прилеп е надвор од животна опасност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Се сомневаме на саботажа во РЕК, МВР го испитува случајот, вели Мицкоски

Постои основано сомнение дека е можно во раните утрински часови пред два дена да се случила саботажа во РЕК Битола.…

June 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Невозможно е да се соберат 5.000 потписи: Дали ќе се намали прагот за независни кандидати за локалните избори?

Партиите најавуваат измени на Изборниот законик пред локалните избори.Последни измени на Изборниот законик имаше пред парламентарните избори 2024 година, но…

April 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Општина Центар планира да спушти рампа за возилата во Дебар маало: Проектот би траел 6 месеци

Дебар Маало наскоро може да стане тест-зона за нов сообраќаен режим. Општина Центар планира ограничување на движењето на возила за…

June 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Граѓани со часови заглавени во подземниот паркинг на ГТЦ

Вистински хаос се случил вчера попладнето во подземниот паркинг на ГТЦ. Вознемирени граѓани два часа биле „заробени“ на паркингот, откако паркоматите престанале да…

April 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?