Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 11-годишниот ученик кој падна од највисокиот кат на училиштето во Прилеп е надвор од животна опасност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > 11-годишниот ученик кој падна од највисокиот кат на училиштето во Прилеп е надвор од животна опасност
ХРОНИКА

11-годишниот ученик кој падна од највисокиот кат на училиштето во Прилеп е надвор од животна опасност

Објавено January 21, 2025 17:02
Сподели
Сподели

11-годишниот ученик од шесто одделение во Прилеп се наоѓа на лекување на Клиниката за детски болести во Скопје, откако вчера попладне, за време на големиот одмор, паднал од највисокиот кат на училиштето „Гоце Делчев“. Од училиштето го опишуваат ученикот како дисциплиниран, трудољубив, дружељубив и примерен, со одличен успех и поведение.

Настанот се случил околу 14:35 часот, при што ученикот се здобил со тешки повреди, вклучително скршеници. По несреќата, веднаш била повикана Итната медицинска помош, која го транспортирала до прилепската болница „Борка Талески“. По првичните испитувања, ученикот бил префрлен на Клиниката за детска хирургија во Скопје.

Директорката на училиштето, Снежана Котева, информира дека веднаш по инцидентот, вработените реагирале брзо и навремено. „Ученикот беше контактибилен, свесен за времето и просторот. По одредени испитувања во прилепската болница, беше препорачан транспорт во Скопје. Според последните информации од дежурниот лекар, ученикот е во стабилна здравствена состојба, надвор од животна опасност, и покрај повредите,“ стои во соопштението од училиштето.

Котева истакна дека училиштето ги почитува сите безбедносни протоколи и дека дежурните наставници совесно ја извршуваат својата должност.

„Вработените го почитуваат кодексот на однесување и одговорно ги исполнуваат обврските,“ се додава во соопштението.

Настанот предизвика загриженост кај јавноста, но од училиштето уверуваат дека се преземени сите потребни мерки за поддршка на ученикот и неговото семејство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Томовски: Одговорно тврдам дека не постојат мои роднински врски со сопствениците на „Праеториан“
Следна Статија Македонија изигра нерешено против Австрија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Како директор и обезбедување дрпнаа 80.000 евра од Плаошник

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.А.(49) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на…

October 30, 2024
ХРОНИКА

Видевски не бил на работно место на денот на грабнувањето и убиството, пронајдената чаура не може да се спореди

Обвинетиот Боре Видевски не бил на своето работно место на денот на грабнувањето и убиството на Вања и Панче, воедно…

May 16, 2025
ХРОНИКА

Момчиња од Јурумлери криеле пиштол во кола, полицијата ги приведе

Денеска (03.12.2025) околу 08:00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, вршејќи мотопатролна дејност на ул.…

December 3, 2025
ХРОНИКА

Пријава против пет лица за одземање на маица со двоглав орел на Албанец од Шведска на Широк сокак во Битола

СВР Битола го расчисти настанот со насилно одземање маица на лице од Шведска во Битола на 28 август, следува пријава…

September 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?