Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Собранието ги донесе измените на Законот за заштита на децата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Собранието ги донесе измените на Законот за заштита на децата
МАКЕДОНИЈА

Собранието ги донесе измените на Законот за заштита на децата

Објавено January 21, 2025 19:21
Сподели
Сподели

Собранието во попладневниот дел од 31-та седница го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата во трето читање, откако претходно беше изгласан последниот од шесте поднесени амандмани, од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.

Без дискусија заврши општата расправа по Предлог законот за изменување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство и Предлог-законот за изменување на Законот за еднакви можности на жените и мажите, двата во прво читање, со заклучок дека се прифатливи да се проследат во второ читање и во Комисијата за еднакви можности и Законодавно-правната комисија.

Собранието попладнево ги усвои Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2025 година, Предлог одлуката за давање согласност на Предлогот на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2025 година, во второ читање, Предлог-одлуката за давање согласност на Предлогот на Годишниот финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2025 година, во второо читање и за нивното гласање пратениците ќе бидат дополнително известени.

Дополнително ќе се гласа и за Финансискиот план за изменување на Финансискиот план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2024 година со дополнување и пренамена на средства, како и за Финансискиот план за изменување на Финансискиот план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2025 година со дополнување и пренамена на средства.

Во однос на Финансискиот план за МРТ за 2024 реагираше пратеникот Митко Трајчулевски од СДСМ укажувајќи дека се работи за веќе измината буџетска година и се прекршува закон.

Вака донесената одлука за давање согласност за веќе измината година е прекршување на законот. Самата одлука би била спорна и доколку биде оспорена, може да предизвика дополнителни негативни последици – рече Трајчулевски.

Потпретседателката на Собранието Весна Бендевска ја прекина 31-та седница и продолжението го закажа за утре во 13 часот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Таа е втората дама на Америка: Ќерка е на имигранти, а цело време се држи настрана од медиумите
Следна Статија Вкупно 76 лица загинаа во пожарот во хотел во турски ски центар – прогласен ден на национална жалост

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонија „под вршник“, да се почитуваат препораките за заштита од високи температури

Под влијание на топлотниот бран што ја зафати земјава, дневните температури до сабота ќе бидат над јулскиот просек и ќе…

July 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска комисија

Во следните 10 дена кандидатите кои имаат намера да ја предводат Државната комисија за спречување на корупцијата и судирот на…

August 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски -Агелер: Македонија и САД се стратешки партнери

Економската соработка меѓу Македонија и САД е во континуиран пораст и тоа се должи на спроведување на реформите кои влијаат…

January 15, 2026
МАКЕДОНИЈА

Охридски правобранител лажно се претставувал како адвокат, дури и претставував странки пред судот

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Р.(40) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување“.…

October 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?