Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мобилните телефони забранети во училиштата на Општина Центар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мобилните телефони забранети во училиштата на Општина Центар
МАКЕДОНИЈА

Мобилните телефони забранети во училиштата на Општина Центар

Објавено January 22, 2025 13:18
Сподели
Сподели

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека Општина Центар донесе низа препораки кои основните општински училишта имаат прифатено да ги спроведуваат со цел зголемување на безбедноста на учениците и подобрување на образовниот процес во центарските училишта.

„Сите основни училишта на територија на општината прифатија да се забрани користење на мобилните телефони од почеток до крај на наставата, а носењето на втор мобилен телефон да биде одземен и вратен на родителот. Со оглед на случувањата во последниот период кои резултираат со повреди на самите ученици, односно имитирање на апликации како Tik Tok и други, да се подигне безбедноста во училиштето на повисоко ниво“, вели Герасимовски.

Овие насоки се донесени врз основа на препораките на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО), кои во јули 2023 година укажаа на негативните ефекти од употребата на паметни телефони врз процесот на учење.

Препораките за забрана на користење на мобилните телефони се прифатени и во образовниот процес во дел од европските земји. Истражувањата на кои се повикува УНЕСКО покажуваат дека мобилните телефони го одвлекуваат вниманието на учениците и имаат особено негативно влијание врз децата кои имаат потешкотии во учењето. Дополнително, децата повеќе разговараат меѓусебно и се дружат, што ја поттикнува социјалната интеракција.

Општина Центар ќе продолжи да работи на подобрување на условите за едукација и воспитување на младите, обезбедувајќи балансирано и здраво опкружување за нивниот развој, информираат од таму.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДСЗИ бара дисциплинска постапка по смртта на новроденчињата- близначиња и стручен надзор во прилепската болница
Следна Статија Клековски: Проблемот на Онкологија не е финансиски, очекувам неделава да се надмине недостигот на два лека

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Бугарија доби официјален протест, амбасадорот Радуков повикан во МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија најостро ги осудува навредливите изјави упатени кон претседателот на Владата…

July 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Под влијание на циклонска активност, од вечер врнежи од дожд, наместа и над 30 литри на квадратен метар

Под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд, што наместа ќе бидат…

January 25, 2026
МАКЕДОНИЈА

Kако Али Ахмети со стара Нокиа 3310 објавува видеа на Фејсбук?

Али Ахмети стана активен на Фејсбук. Тој почна да објавува статуси и видеа а на едно од нив му одговори на…

October 31, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Планот за раст и Реформската агенда не е само услов за интеграција, таа е инструмент за оздравување на нашата држава

Секој народ има моменти кога мора да избере: ќе остане во удобната стагнација или ќе се соочи со потребата од…

April 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?