Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Пуштивме 42 км автопат и 31 км пруга во употреба за само две недели
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Пуштивме 42 км автопат и 31 км пруга во употреба за само две недели
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Пуштивме 42 км автопат и 31 км пруга во употреба за само две недели

Објавено January 22, 2025 22:58
Сподели
Сподели

Во период од 10 дена пуштање во употреба на три големи инфраструктурни проекти, нешто што се нема случено во историјата на Македонија. Експресниот пат Куманово-Страцин-Крива Паланка, делницата Градско-Дреново од експресниот пат кон Прилеп и железничката пруга Куманово-Бељаковце, се три проекти кои ја вратија позитивната енергија и дух помеѓу граѓаните, истакна во вечерашното гостување во емисијата “За или против” на ТВ Алфа, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

“Јас не се сеќавам кога последно не само во Македонија, туку и во регионот се пуштиле во употреба 42 км експресни патишта и 31км пруга во рок од две недели”, истакна Николоски кој на обвинувањата од опозицијата дека проектите ги добил готови, повторно ги потенцираше бројните проблеми со кои како министер се соочил при завршувањето на овие капитални инвестиции во патната и железничката инфраструктура.

“Губење на време е да се коментира СДСМ, затоа што граѓаните тоа што имаа да кажат за нив на парламентарните избори освоија само 18 пратеници, што е најголем пораз на владеачка партија. Една од причините што доживеаја таков пораз е што ја потценуваат интелигенцијата на граѓаните. На Градско-Прилеп само што станав министер добив еден документ кој што значеше катастрофална ситуација таму. Изведувачот имаше почнато процедура за арбитража, која што Македонија сигурно ќе ја изгубеше и ја имаше напуштено државата. Недостасуваа некаде околу 13 милиони евра за да се заврши проектот, висеа карпи над патот необезбедени, косините не беа средени, два тунели водеа од нигде кон нигде, не беа завршени, експропријацијата не беше завршена и земја се спушташе на трасата цело време затоа што не беа обезбедени косините”, истакна Николоски кој како главна причина за ваквата состојба го потенцираше непотпишувањето на два додатоци на договорите со Европската Унија, кои цели година и пол претходното раководство на министерството ги одлагало, а не била формирана ниту заедничка Комисија со Јавното претпријатие за државни патишта. Можам само да се сомневам зошто таа комисија не се формирала. Некои велат дека не можеле министерот и директорот да се договорат кој да го земе митото од изведувачот и дека тоа било причината зошто не ја формирале оваа комисија. Јас кога бев избран и кога беше избран директорот на ЈПДП Трајановски веднаш ја формиравме таа комисија. Истата почна да работи во тек на месец август и веќе на 12. септември беа потпишани овие адендуми на договорот. Од 12 септември почна интензивно да се работи и веќе на 14 јануари го пуштивме патот во употреба”, истакна министерот Николоски.

Тој ги потенцираше проблемите со кои како министер се соочил и при изведбата на патот Куманово-Страцин-Крива Паланка, каде од вкупно 25,5 км на 19,5км воопшто немало асфалт.

“Тоа е пат каде што се случија доста иновации за македонски услови. Прв пат се воведе асфалтирање во ноќни услови и на ниски температури, прв пат се воведе тросменска работа, работа на дожд и прв пат се воведе комбинарана работа помеѓу повеќе изведувачи. И таму имавме проблем со еден дел од надзорот и еден од изведувачите беше заминат од државата, па го враќавме”, потенцираше Николоски.

Министерот зборуваше и за состојбата која ја затекнал и на пругата Куманово-Бељаковце, каде трасата воопшто не била обезбедена, немало ставено заштитна ограда, пругата не била тестирана а не биле дозавршени ниту железничките станици.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тешка сообраќајка по верижен судар на скопска обиколница
Следна Статија Oдиме на победа: Македонија од 15 и 30 часот игра против Катар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Владата не ја донесе одлуката за ограничување на маржите, маркетите велат дека само ќе придонесе за отпуштање на вработените

Владата вчера не ја донесе одлуката за 10-процентно ограничување на маржите во трговијата на мало и големо што требаше да…

February 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Свети Трифун ги опари лозарите: Исплатени се 5,2 милиони евра субвенции за производство на грозје

Вкупно 315.745.324 денари (5,2 милиони евра) денеска, на денот на заштитникот на лозарите Свети Трифун, им се исплатени на 11.689…

February 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Каматната стапка за заемот од договорот со Обединетото Кралство ќе биде пониска од 4,5 проценти

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека вкупната каматна стапка за заемот од договорот со Обединетото Кралство ќе биде помала од маргината…

May 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ќе се гради патот Букојчани – Кичево за целосно автопатско поврзување од Скопје до Охрид и Струга

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека покрај автопатските врски од Охрид до Кичево и од Тетово -…

February 9, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?