Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дали веледрогеријата Пановски го уценува македонското здравство со високи цени за онколошка терапија?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Дали веледрогеријата Пановски го уценува македонското здравство со високи цени за онколошка терапија?
МАКЕДОНИЈА

Дали веледрогеријата Пановски го уценува македонското здравство со високи цени за онколошка терапија?

Објавено January 23, 2025 13:47
Сподели
Сподели

Јавноста со право е потресена поради последните случувања со недостаток на онколошка терапија на Клиниката за онкологија за болните од рак. Но, воедно, јавноста исто така треба и заслужува да ги знае причините за тоа зошто има недостаток на потребната терапија. Причината е многу јасна и многу провидна. Се работи за една иста мафија на смртта, која од тешката болест на луѓето профитира и прави бизнис, додека континуирано истите веледрогерии добиваат политичка заштита од политички структури, блиски до СДС и ДУИ, обвини Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Секоја година, првите два до три месеци од годината има недостаток на онколошка терапија и секоја година една иста веледрогерија набавува лекови по енормно високи цени на лекови, злоупотребувајќи ја болеста на луѓето и вештачки креирајќи криза со лекови. Таа иста мафија на смртта, иста веледрогерија, овие 30 години, поради свои бизнис политички интереси на својата нечиста совест, носи повеќе загубени животи од било која друга несреќа каде се загубиле животи во регионот.

Очигледно, не за џабе се зборува дека оваа мафија на смртта во Македонија, која 30 години ровари со Онкологија, е виновна за смртта на повеќе луѓе од сите мафии во регионот, од Грчец до Земун.

Многумина молчат затоа што се поткупени, а дел се плашат затоа што имаат блиски болни, на кои им е потребна помош, или се плашат да не имаат некогаш блиски болни и да не зависат од овој ист клан.

Оттука прашуваме: дали е точно дека веледрогеријата Пановски, која важи за блиска до СДС, истата веледрогерија каде ќерката-директор на Клиника, Ирина Пановска набавуваше лекови од таткото-директор на веледрогеријата, во време кога ним блискиот министер за здравство, Филипче, раководеше со здравство, го уценува со цени македонското здравство?

Дали и оваа последна криза на истата мафија на смртта, каде двојството Венко Филипче и веледрогеријата Пановски е дел од истиот фолклор, каде се печали од болеста на болните од рак?

Дали е вистина дека вештачки создадената криза е токму поради тоа што треба да се купат скапи лекови токму од Пановски, за кој постои сомнеж дека се манипулира со цените на лекови?

Се работи за трговци со животи и души на луѓе.

ВМРО-ДПМНЕ бара мобилизација од институциите и расчистување на големите бизнис олигарси кои раководат со мафијата на смртта, која печали на болеста на луѓето.

Бараме надлежните институции да ги посочат сите одговорни, без разлика дали се лидери на партии, дали биле министри, или се лекари или дел од фирмите и веледрогериите кои снабдуваат со вакви лекови и се богатат на грбот на оние најтешко болни пациенти.

Охрабруваме и Јавниот обвинител да спроведе обемна истражна акција за сите злоупотреби со онколошката терапија, која се прави од една иста веледрогерија.

Не смее да се дозволи тие да печалат, народот да умира! Бараме откривање на вистината за тесната политичка и бизнис спрега на Венко Филипче и моќните веледрогерии.

Но, не се посилни од државата и од интересот на народот“, вели Лефков.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „ТАВ Македонија“ и Меѓународниот аеродром „Скопје“: Не продаваме изгубен багаж, лажни профили на социјалните мрежи сакаат да изнудат податоци од граѓаните
Следна Статија Сведокот во бегство за убиството на Вања сам се предаде во полиција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Штипјанка пронајде делови од човечко тело, претпоставува дека се на нејзината мајка

Вчера во 08.12 часот во СВР Штип, 55-годишната Б.К. од Штип пријавила дека на место викано „Суитлак“ во Штип пронашла…

October 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

Паѓа ли Законот за јазици на Уставен?

Уставниот суд попладнево соопшти дека го добил мислењето од Венецијанската Комисија во врска со предметите во коишто се оспорени одредби…

March 31, 2026
МАКЕДОНИЈА

БИДИ ПОЛИЦАЕЦ: Во тек оглас за прием на 150 нови полициски службеници

Министерството за внатрешни работи распишува конкурс за прием на униформирани полициски службеници, кој ви го пренесуваме во целост: Биди полицаец.…

July 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Стоп за Усје“ за во четврток закажа граѓанска блокада

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ најави граѓанска блокада во четврток, 25 декември, со почеток во 18:00 часот, на раскрсницата меѓу…

December 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?